Благодарение на природата имате првокласен материјал и извонредна можност да создадаете многу интересни работи кои меѓу другото можат и реално да ви користат во секојдневниот живот.
Одичен пример за добра искористеност на старото дрво е патека од дрво во вашиот двор или во градината.
Многу оригинално ќе изгледа патеката во вашиот двор ако за неа искористите мали трупчиња или форми од постаро, исушено дрво или делови од штици исечени по ваша замисла и димензии.

Материјали и инструменти кои се неопходни за да се направи патека од дрво се: стебло од старо и исушено дрво, пластична фолија, црвена глина, бетон, ленено масло, песок, електрична пила, четка за фарбање.
Начин на изработка
Со помош на електричната пила исечете го стеблото на дрвото на правилни прстени со дебелина околу 5 см.
Лененото масло треба да се загрее, не премногу, никако не треба да зоврие. Следен чекор – загреаното ленено масло треба рамномерно да се нанесе на дрвените прстени исечени претходно, користејќи четка.
Премачканите делови на дрвото треба да се остават за добро да се исушат, најдобро по природен пат (оставете ги надвор некое време).

Потоа, треба да се одреди големината и димензиите на патеката. На означената сакана површина каде што ќе биде вашата патека, ископајте слој земја, околу 8-10 см длабочина и таа површина покријте ја внимателно со глина или со пластична фолија. Не е важно кој материјал ќе го искористите – двата ќе послужат за тие потреби, а тоа е да се овозможи дрвените прстени да не ја допираат земјата и на тој начин да се заштитат од влага. Со заштита на дрвата од влага ќе се продолжи векот на вашата патека, бидејќи дрвените делови подолго ќе останат цели.
Над хидроизолациониот слој ставете слој песок, па наредете ги исушените дрвени прстени по ваша желба. Секако, трудете се дрвените прстени да ги редите што поблиску еден до друг, комбинирајќи поголеми и помали за да се формира рамна површина. Кога ќе ги наредите сите дрвени делови, формирајте ја посакуваната патека до крај, проверете дали сите прстени лежат на иста длабочина.

Целта е да се постигне што порамна површина.
Просторот кој останува празен помеѓу деловите на дрвените прстени треба да се залие со бетон или да се посипе со ситни бели камнчиња. После овој чекор вашата патека е готова.
Резултатот е дека сте добиле многу оригинална патека во дворот, која многу се разликува од вообичаените бетонски или асфалтирани патеки кои можеме да ги видиме во повеќето дворови или на плацевите. Дрвената патека многу добро се вклопува во самиот изглед на засадени и одржувани дворови или плацеви во природа. Исто така, ваквата патека е долготрајна и добро ги поднесува сите временски прилики.
Во видеата погледнете уште неколку интересни идеи за патеки од дрво.
