Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Едукативна обука „Интерпретација на гастрономијата како културен идентитет“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Едукативна обука „Интерпретација на гастрономијата како културен идентитет“
Рурален Развој

Едукативна обука „Интерпретација на гастрономијата како културен идентитет“

Објавено 09/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на ХАЕМУС од 9 до 11 мај се одржува едукативна обука за интерпретација на наследство за одржлив развој на културниот и природниот туризам. Преку толкување на наследството учесниците ќе имаат можност да го подобрат своето знаење и вештини за креативна визуелизација и комуникација со цел да создадат културно-туристички производи кои преку искуството на самите гости ќе придонесат за одржлив развој на нашите локални заедници. – Интерпретацијата или толкувањето е моќна комуникациска алатка која се употребува за да се облагороди природното и културното наследство.

Затоа е многу важно на кој начин се употребуваат алатките за толкување на наследството, бидејќи тие овозможуваат искуство кое луѓето ќе го паметат целиот свој живот. Оваа интерпретациска обука ги поддржува сите оние кои сакаат да ги подобрат, да внесат разновидност или да додадат вредност на нивните производи и услуги, користејќи го природното и културното наследство и притоа да создадат „искуства од прва рака“ важни за посетителите.


Учесниците ќе имаат можност преку голем број интерактивни и креативни вежби да имплементираат идеи за примена на нови туристички производи, да ги подобрат постоечките услуги и да ги промовираат своите производи во ново светло, вели Василка Димитровска од ХАЕМУС.

Обуката ќе биде во насока на доближување на методите за интерпретација на наследството кои се одлична бизнис алатка за поттикнување на локалната економија. Оваа обука ќе се одвива во комплексот „Ореов лад“ и е пред сѐ наменета за сите оние кои професионално се занимаваат со одреден бизнис кој во голема мера го допира природното или културното наследство, но главно е фокусиран на локалната гастрономија. Обуката е поддржана од европската програма i-Portunus, информираат од ХАЕМУС.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:ХАЕМУС
Претходен напис (ВИДЕО) Направете сами оригинална патека од дрво во вашиот двор
Следен напис Македонија од утре ќе извезува сончогледово масло во Албанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?