Најскапото чоколадо на светот е во ограничено издание од 1.000 чоколадни бонбони во вредност од дури 7.728 евра за парче.
Секоја бонбона е покриена со злато што може да се јаде. Ова чоколадо беше изложено на фестивалот на чоколадо во Португалија, а имаше и свои чувари.
Чоколадните бонбони се полни со шафран, бели тартуфи, ванила од Мадагаскар и златни ливчиња.
Креатор на чоколадото е слаткарот Даниел Гомез, кој рекол дека чоколадото во форма на дијамант влегло во Гинисовата книга на рекорди како најскапо во светот.
Чоколадното пакување е во форма на круна и е украсено со 5.500 кристали Сваровски.
ВИДЕО: Чоколадо од кое „боли глава“ колку е добро, но и паричникот празен.
Извор: blic.rs
