Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Си-Ен-Ен: Можно е хакерите кои го изведоа нападот врз „Колонијал гасовод“ да се поврзани со Русија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Си-Ен-Ен: Можно е хакерите кои го изведоа нападот врз „Колонијал гасовод“ да се поврзани со Русија
Агровести

Си-Ен-Ен: Можно е хакерите кои го изведоа нападот врз „Колонијал гасовод“ да се поврзани со Русија

Објавено 10/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Хакерите кои стојат зад кибер нападот врз најголемата американска гасоводна компанија „Колонијал гасовод“, можеби се поврзани со Русија. Ова го јави Си-ен-ен, повикувајќи се на извори меѓу поранешните вработени во американската администрација, кои работеле во областа на кибер безбедноста.

Претходно беше соопштено дека група напаѓачи кои се нарекуваат DarkSide можно е да стојат зад нападот. Според Си-ен-ен, групата потекнува од Русија. Според извори на телевизијата, хакерите вклучени во неа не вршат напади во земјите каде се зборува руски јазик.

Во исто време, Блумберг јави дека DarkSide, организиран минатото лето, можно е да е поврзан и со Русија и со источноевропски земји.

Од друга страна, американската телевизија Ен-Би-Си наведува дека нападот бил извршен од „криминална шема“ и не бил инициран од руските власти.

Си-Ен-Ен истакнува дека во врска со кибер нападот, што резултираше со исклучување на гасоводот што обезбедува гориво за 45 отсто од населението на источниот брег на САД, американските власти создадоа меѓусекторска група специјалисти. Тие ќе се справат со спречување на нарушувања во снабдувањето со гориво.

Блумберг претходно предупреди дека нападот врз „Колонијал гасовод“ може да доведе до нарушувања во снабдувањето со гориво за САД, како и до зголемување на цените на бензинот на највисоко ниво во последните седум години.

Според соопштение на компанијата, кибер нападот против нејзините системи бил извршен со помош на вирус за уцена. Тоа е вирус кој кога ќе влезе во компјутерски систем привремено го блокира неговото работење и криптира податоци се додека жртвата на кибер нападот не ја плати износот што го бараат уценувачите. Според информациите во американските медиуми, како резултат на нападот, криминалците добиле до 100 гигабајти податоци. Среде инцидентот, компанијата беше принудена да го прекине работењето.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:колонијал гасоводхакерски напад
Претходен напис (Видео) Најскапото чоколадо во светот чини 7.728 евра – полно е со шафран, бели тартуфи, ванила и златни ливчиња
Следен напис Поскапуваат бензините и дизелот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?