Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најголемиот светски производител на млеко загрозен од високите температури – За време на топлотниот бран морале речиси со сила да ги нахранат кравите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најголемиот светски производител на млеко загрозен од високите температури – За време на топлотниот бран морале речиси со сила да ги нахранат кравите
Агровести

Најголемиот светски производител на млеко загрозен од високите температури – За време на топлотниот бран морале речиси со сила да ги нахранат кравите

Објавено 04/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Индија покрива 22 отсто од светското производство на млеко, што ја прави најголем производител во светот. Но, и тој дел од светот е погоден од горештините, па сточарите на секој начин се обидуваат да ги разладат кравите.

На некои места температурите достигнаа и до 50°C, што е многу лоша вест за тамошната млечна индустрија, пишува Гардијан. Поради топлинскиот стрес, овие животни имаат послаб апетит, што значи помал раст на телесната тежина, намалена плодност и продуктивност.

Големо влијание врз индустријата

Зголемувањето на температурата до 2085 година би можело да го намали производството на млеко до 25 проценти во потоплите области, според една неодамнешна студија објавена во „Лансет“.

Овој проблем се јавува во сите делови на светот. Само да се потсетиме на катастрофата што го погоди Канзас во САД пред десет дена, кога високите температури и високата влажност усмртија илјадници говеда.

Секој пад на производството на оваа намирница може да биде катастрофален за безбедноста на храната на Индија, бидејќи таа е втора најнаселена земја во светот. Покрај тоа, 80 милиони Индијци се вработени во овој сектор.

Ситуацијата ја покажува примерот на земјоделец од југот на земјата, од Анантапур, каде што климата е обично умерена. Но, во мај температурите достигнале 43°C. Како што вели фармерот, за време на топлотниот бран морал речиси со сила да ги нахрани кравите, а производството на млеко паднало за 30 отсто.

„Се чувствував како да стискам сув сунѓер“, изјави тој.

Автохтоните раси се поотпорни

Проблем со високите температури во овој сектор во Индија е тоа што има зголемување на популацијата на вкрстени говеда кои даваат повеќе млеко и намалување на автохтоните раси кои се поотпорни на топлински стрес.

А оние кои не се сточарите се обидуваат да ги разладат со вентилатори и прскалки, што секако има своја цена, а таква инфраструктура можат да си дозволат само големите фарми. Во исто време, треба да се знае дека речиси две третини од млекото таму го произведуваат токму малите фармери.

Научниците гледаат долгорочно решение во вкрстувањето на расите говеда отпорни на климатски промени и оние со поголем принос на млеко. Додека тоа не се случи, има сточари како Каилас Рамасами кои купуваат и продаваат од локалните фармери и се обидуваат да го промовираат нивното одгледување со повисока откупна цена за литар млеко (42 пени, односно 40 евроценти).

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Индијакрави
Претходен напис (ФОТО) Министерката Тренчевска ја посети фармата со 600 овци на семејството Пармачки
Следен напис Нивото на поголем дел од реките под јулскиот просек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?