Денеска ја посетивме овчарската фарма на семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка, чие семејство децении наназад егзистира од овчарство, производство на овчо сирење и други производи од овчо млеко.

Семејството Пармачки, во населеното место Будинарци, Беровско, започнале со 20 грла овци, за денес нивниот број да стане 600 грла.

Сите членови во семејството се вклучени во работата, за која велат дека воопшто не е лесна, но со многу труд и работа, резултатите се видливи.

Креирањето на квалитетни политики и мерки за руралниот развој, се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини и се занимаваат со земјоделство.


Фејсбук-статус на Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
