Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најдобрите вина на Балканот ќе се избираат во Трансилванија од 1 до 3 јуни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Најдобрите вина на Балканот ќе се избираат во Трансилванија од 1 до 3 јуни
Саеми и манифестации

Најдобрите вина на Балканот ќе се избираат во Трансилванија од 1 до 3 јуни

Објавено 10/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дванаесеттиот балкански вински натпревар, The Balkans International Wine Competition, ќе се одржи од 1 до 3 јуни годинава во областа Бистрица-Насауд на северот на Романија, во срцето на мистериозната Трансилванија. Доделувањето на наградата ќе се одржи во амбиент кој го одзема здивот – во замокот Телеки во Посмус, изграден во 1634 година.

Претходниот BIWC се одржа на грчкиот остров Саламин, а оваа година натпреварот продолжи со ротација низ балканските земји. Целта на ротацијата е подобра интеграција на винариите од сите балкански земји, што, според BIWC, ќе доведе до поголема видливост на балканските вина и во нивните матични земји и во Европа.

-Многу сме возбудени поради фактот што дванаесеттиот BIWC ќе се одржи во мистериозната Трансилванија! Новото издание на натпреварот го организираме со многу оптимизам и енергија, а со цел да ги направиме вината од Балканот уште попрепознатливи и да ги позиционираме уште подобро на светската винска мапа. Веќе неколкупати ја посетив областа Бистрица-Насауд и вљубена сум во живописниот амбиент, одличната гостопримливост и секако одличните вина – изјави Галина Нифору, извршна директорка на BIWCF.

Најдобрите вина на Балканот ќе ги избира жири од 25 судии, меѓу кои годинава ќе бидат и петмина носители на титулите Мајстор на виното и Мајстор сомелиер. Судиите доаѓаат од Јапонија, Швајцарија, Велика Британија, Франција и други земји во светот. По презентацијата на резултатите од натпреварот, на 4 јуни ќе се одржи изложба на пристигнатите вина во регионалниот музеј Complexul Muzeal Bistrita-Nasaud. Како и секоја година, закажан е балканскиот вински фестивал, кој од 15-17 јуни ќе се одржи под ведро небо во Софија пред Националната палата на културата.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:BIWC 2020The Balkans International Wine CompetitionроманијаТрансилванија
Претходен напис Една третина од житарките во ЕУ се увезуваат од Русија и Украина
Следен напис Магдоносот е составен дел од секоја супа, а сега е прогласен за најотровно растение на 2023 година. Прочитајте зошто!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?