По компирот, според новите податоци на ботаничката градина Wandsbek во Германија, најотровно растение за оваа година е магдоносот. Магдоносот е двегодишна билка која во втората година произведува отровни материи кои се опасни по животот, а токму тие материи во минатото се користеле за предизвикување абортуси. Затоа, внимавајте со магдоносот, но само во вториот цут.
Ако треба да наведете кое растение мислите дека е најотровно, магдоносот сигурно не би се нашол на листата, но токму тој деновиве е прогласен за најотровно растение во годината. И сега сигурно се прашувате дали живеевте во заблуда сите овие години, мислејќи дека ова растение е суштината на здравјето, дека сите оние рецепти, како чајот од магдонос, кои наводно ги елиминираат токсините во телото се сериозна измама.
Има ли причина за страв?
Магдоносот е двегодишно растение, а неговата темна страна се очитува токму во втората година, кога се развиваат цветни стебленца високи до 70 сантиметри, со неугледни жолто-зелени цветови. Подоцна од нив се развиваат семки, кои, исто како и цветовите, не се за консумирање бидејќи содржат масло од магдонос.
Маслото од магдонос содржи апиол супстанца, која делува на мазните мускулни влакна на мочниот меур, цревата и матката. Затоа, во минатото, маслото од магдонос се користело за да предизвика абортус. Освен апиол, маслото од магдонос содржи и миристицин, уште една токсична состојка која може да влијае на централниот нервен систем и да предизвика напади, како и ксантотоксин и бергаптен, кои се фототоксични и реагираат на светлина и можат да предизвикаат лезии на кожата.
Нема причина за паника ако користите магдонос во неговата прва година. Тогаш можете да ги извлечете од него сите оние вредни придобивки за телото и здравјето, но кога ќе знаете дека поминал во втората година, во никој случај не го консумирајте.
