Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките
Агровести

Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките

Објавено 04/04/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најавеното значително опаѓање на температурите од недела може повторно да ги загрози земјоделските култури, посебно овошните дрвја поради можноста од појава на мраз, како и да причини штети, претежно кај видовите што се веќе процветени, предупредуваат агрометеоролозите од УХМР. 

Според нив, врнежите што ја зафатија земјава се од големо значење за сите земјоделски култури и ќе придонесат за зголемување на влагата во почвата која е потребна за пролетна подготовка за садење. Дождот особено позитивно ќе се одрази врз есенската пченица, а поволен е и за овошните култури, но, неопходна е континуирана контрола на посевите зашто поради повисоката релативна влажност во зоната на растенијата може да се создадат поповолни услови за појава на болести и штетници.

Препораката е земјоделските производители да преземат содветни мерки за заштита на посевите против измрзнување, да ги расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, да преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да ги заштитат растенијата, посебно овошните видови од појава и развој на болести и штетници, како и редовно да вршат следење на посевите и да применуваат потребни агротехнички мерки.

-За стрнишните жита кај нас од суштинско значење се врнежите во периодот од почетокот на март до почетокот на јуни. Пченицата најголеми количини вода троши во фазите вретенисување, класење, млечна зрелост. Фазата на вретенење се одвива во пролетниот период. Во почетокот на оваа фаза се оформуваат репродуктивните органи, од кој ќе зависи и плодоносењето и затоа во оваа фаза растението мора да има доволно количество вода и хранливи материи. Токму поради тоа, овој дожд позитивно ќе се одрази врз есенската пченица. Овошните култури имаат најразлични барања во однос на водата, поради длабокиот корен, па поради тоа релативно лесно поднесуват суша, но потребно е оптимална влажност во почетокот на вегетацијата за нормално цутење и формирање на плодови. Потребата за вода кај младите насади има големо значење за брз, уедначен пораст и формирање на насад со добра кондиција. При недостиг на вода во текот на порастот на плодовите, тие остануваат ситни, а може да дојде и до нивно опаѓање. Заради тоа овие врнежи имат позитивно влијание, објаснуваат агрометеоролозите.

Но, како што додаваат, за земјоделството од најголема полза се ситните, рамномерни дождови со помал интезитет. По такви дождови, велат, почвата останува во поволна состојба за обработка за сеидба, а посевите поинтензивно се развиваат.

-Минатата недела имавме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во последните шест дена од март на повеќе локации во државата имаше циклонален продор со континуирани ефективни и краткотрајни поројни врнежи пропратени со изолирана појава на град и грмежи. За земјоделското растително производство од големо значење е интезитетот на врнежите. Дождот може да биде со мал интезитет (ситен дожд) или со голем интезитет (пороен дожд). Интензивните поројни дождови можат да бидат штетни поради засилување на ерозивните процеси на наклонети терени, а можат да предизвикаат поплави и оштетување на земјоделските култури. Обилните врнежи може да доведат до создавање на поројни водотеци и можни излевања и поплавувања на одредени земјоделски површини. При интензивни поројни дождови почвата не може да ја впие целата количина вода. Кога паѓа пороен дожд за половина час почвата впива 35 отсто, а при ситен дожд за време од 6 часа почвата впива околу 93 проценти, потенцираат агрометеоролозите од УХМР.

Според прогнозата, до утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:овошкиснегтемператураухмр
Претходен напис Џеј Ди Венс: Се задолжуваме кај кинеските земјоделци за да го купиме она што истите тие фармери го произведуваат
Следен напис Препорака од група агрономи за заштита на виновата лоза од пролетни мразеви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?