Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Препорака од група агрономи за заштита на виновата лоза од пролетни мразеви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Препорака од група агрономи за заштита на виновата лоза од пролетни мразеви
Совети

Препорака од група агрономи за заштита на виновата лоза од пролетни мразеви

Последна измена: 05/04/2025 09:36
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Според информациите од метеоролошките станици, се најавуваат ниски температури под 0°С во деновите понеделник (07.04.2025) и вторник (08.04.2025). Препорачано е да се изврши превентивна заштита од пролетни мразеви со заштитно средство Калиум Сулфат 0-0-61 во доза 1% на хектар. Заштитата да се изврши во деновите понеделник (07.04.2025) и вторник (08.04.2025) во период од 8:00 до 18:00 часот, особено во пораните реони, реоните кои се подложни на пролетни мразеви како и депресивни локалитети. Во Катастарските Општини и поедини места во Тиквешијата како што се: Трстеник, Росоман, Манастирец, Куриите, Сопот, Марена, Тимјаник, Ридиштата, Главите, Црно Поле, Дубровско, Бутчето, Калдрма, Криволак, Пепелиште, Дреново, Брушани, Возарци, во фенолошки развој на отварање на папки BBCH 9 (мишји уши, отварање на папки, развоен стадиум врвовите на зелените ластари се јасно видливи) се следните сорти: Смедеревка, Шардоне, Темјаника, Мерло.

Се информираат сите лозари да извршат третирање на овие сорти задолжително, но и на останати сорти кои во одредени реони го постигнале овој фенолошки развој.

Дејство на Калиум Сулфат за оваа намена:

Калиумот навлегува во листовите и ластарите и ја зголемува концентрацијата на сок, а ја истиснува водата. Калиумот е добар за фолијарен третман и е најдобра сол за заштита од мразеви. Ефектот е да се намали точката на мрзнење како што се користи солта за одмрзнување на патиштата за движење.

За оваа цел користете исклучиво Калиум Сулфат или Калиум Хлорид, немојте случајно да користете Калиум Нитрат затоа што ќе ја зголеми можноста за мрзнење на папките и ластарите.

Фејсбук статус на Митко Јанчев.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Техника за садење на боровинки во саксија
Како да одгледате ловоров лист во саксија
(ВИДЕО) Правилно кроење и калемење на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО
 (ВИДЕО) Проф. Тошо Арсов од ФЗНХ со совети до земјоделците како да ги заштитат овошните и лозови насади од измрзнување
Лозарите ги покриваат виновите лози за да ги заштитат од ниските температури
Таг:агрономизаштиталозјеПрепорака
Претходен напис Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките
Следен напис Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?