Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Џеј Ди Венс: Се задолжуваме кај кинеските земјоделци за да го купиме она што истите тие фармери го произведуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Џеј Ди Венс: Се задолжуваме кај кинеските земјоделци за да го купиме она што истите тие фармери го произведуваат
Агровести

Џеј Ди Венс: Се задолжуваме кај кинеските земјоделци за да го купиме она што истите тие фармери го произведуваат

Објавено 04/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека новите царини што ги објави Доналд Трамп се „голема промена“, но и неопходен пресврт за американската економија.

– Се задолжуваме кај кинеските земјоделци за да го купиме она што истите тие фармери го произведуваат. Тоа не е рецепт за просперитет, ниски цени, ниту добри работни места во Америка, изјави Венс за Фокс њуз, критикувајќи го моделот на глобалистичка економија за кој тој тврди дека ги довел САД до голем долг и зависност од странско производство.

– Во моментов, претседателот Трамп ја води економијата во друга насока, на тоа ја засноваше кампањата, тоа е она што го вети и сега го исполнува. Да, ова е голема промена, нема да кријам. Но, нам ни требаше голема промена, додаде тој.

Венс истакна дека администрацијата „напорно работи“ на намалување на цените, но предупреди дека промените нема да се случат преку ноќ. Тој исто така рече дека високите цени ќе бидат резултат на инфлацијата од мандатот на Бајден, а не на постапките на Трамп.

За најавените даночни намалувања рече дека не ги гледа како компензација за царините, туку како дел од „тотален пресврт“ што ќе ги награди американските работници и компании.

– Пораснав во семејство кое често живееше од плата до плата и знам дека многу Американци се плашат од зголемените трошоци за живот. Ние се бориме да го промениме тоа, заклучил тој.

Извор – ТРН

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:венсземјоделцифармери
Претходен напис Водостојот на повеќето реки зголемен, нивото на езерата во рамки на априлскиот просек
Следен напис Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?