Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најатрактивните плажи во Охрид нема да се даваат под концесија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Најатрактивните плажи во Охрид нема да се даваат под концесија
Агровести

Најатрактивните плажи во Охрид нема да се даваат под концесија

Објавено 21/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поранешни концесионери и архитекти реагираат на јавниот повик кој го објави општина Охрид да се достават идејни решенија за уредување на плажите со шанкови од отворен тип, чадори покриени со трска, песок, лежалки и други прoпратни содржини изработени од дрво.

„Се поставува прашањето ако ги ослободивме плажите, ако се фалевме дека им ги вративме на граѓаните, зошто сега повторно да ги окупираме со лежалки. И претходно плажите имаа лежалки“, рече Љупчо Нечкоски-поранешен концесионер со плажа во Охрид.

„Не мора трска, ние сега да се враќаме во 19 век. Во 21 век има други градежни материјали. Тоа е апсурд за мене ние да се враќаме со слами“, рече Ристо Андоноски-архитект.

Шанковите и другата опрема ќе ја постави општината и тие потоа ќе можат да бидат изнајмувани по пат на јавна аукција. Со нив ќе може да се стопанисува најмногу една година, односно од јуни до септември, по што ќе следува ново јавно наддавање за следната туристичка сезона. Најатрактивните плажи нема да се издаваат под концесија и нема да се дозволи како во минатото, концесионерите да си градат објекти по нивна волја – велат од општината.

„Не може да се замисли плажа да се дава за два месеци на еден концесионер и наредната година да дојде некој друг. Тие имаат урбана опрема. Или има некој што ќе купи 300 лежалки и чадори за два месеци и после ќе дојде некој друг да купува“, рече Љупчо Нечкоски-поранешен концесионер со плажа во Охрид.

Од општина Охрид велат дека по вклучувањето на стручната јавност, плажите ќе бидат уредени согласно препораките на УНЕСКО и во хармонија со природата.

„Целта е плажите да бидат јавни и достапни за граѓаните, но и во функција на туризмот. Охрид конечно добива градски плажи по сите современи текови и еколошки препораки“, наведоа од Општина Охрид.

Пристигнатите решенија ќе бидат предмет на евалуација на стручната комисија и достапни на увид на граѓаните.

Извор: alsat.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:концесијаохридплажи
Претходен напис Регистрирана прекумерна сеча на букова шума во беровско Владимирово
Следен напис Дали се исплатува одгледувањето на кивано или „дињата со рогови“? – Не бара многу внимание, а дава доста род
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?