Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Националната федерација на фармери започнува афирмативна кампања „Купувајте домашни производи“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Националната федерација на фармери започнува афирмативна кампања „Купувајте домашни производи“
Пазари

Националната федерација на фармери започнува афирмативна кампања „Купувајте домашни производи“

Последна измена: 17/04/2020 22:00
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во пресрет на велигденските и првомајските празници, Националната федерација на фармери започна афирмативна кампања „Купувајте домашни производи“.

Целта на кампањата е зголемена потрошувачка на домашните земјоделски производи на домашниот пазар.

„Здравствената и економска криза предизвикана од Корона Вирусот направи нарушување на пазарните синџири и создаде дополнителни проблеми во дистрибуцијата, затоа треба да се дејствува на дoмашен план и да се купуваат домашни земјоделски производи. На ваков начин ќе помогнеме на земјоделството и фармерите и ќе се влијае позитивно на домашната економија“, потенцира Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

Националната федерација на фармери ги повикува и другите здруженија на граѓани да ја подржат афирмативната кампања „Купувајте домашни производи“ и  бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во кординација со Министерството за економија да преземат мерки и иницијативи  за поттикнување на компаниите, маркетите да го зголемат откупот на домашни земјоделски производи, за да немаме вишок на храна оставена на самото поле.

Во насока на афирмативната кампања сакаме да споделиме и некои статистички показатели за да покажеме колку е важно земјоделството во државата и колку е важно да го подржуваме и зачуваме нашето домашно производство. Околу 180 илјади семејства кои живеат во руралните средини егзистираат од земјоделство. Градинарското производство и производството на овошје и грозје, како и сточарството се одвива главно кај индивидуалните земјоделски производители, карактеристично со мали стопанства и фрагментирани парцели.

Имено според официјалните статистички податоци во Република Македонија 48 илјади индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од лозарство, 60 илјади земјоделски стопанства егзистираат од градинарство и 36 илјади земјоделски стопанства егзистрираат од овоштарство. Додека во сточарството има вкупно 6000 регистрирани одгледувалишта на добиток.

Национална федерација на фармери

Може да ви се допадне

Фити: За цените на прехранбените производи да се делува со индиректни мерки, конфликтот меѓу Иран и Израел ќе има импликации ако продолжи
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Министерката за финансии  најави евтини кредити за преработувачите и земјоделците
Кривична пријава за измама: Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра
Македонија ќе ги укине царините за американските производи
Таг:земјоделцинационална федерација фармерипроизводисемејства
Претходен напис Димковски: Сликите се од денес, а вчера е објавена забрана за движење во шума
Следен напис (ВО ЖИВО) Прес-конференција на министрите Ангеловска и Димковски и директорот на Платежна агенција, Бабовски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?