Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Начини на размножување на смоквата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Начини на размножување на смоквата
Растително производство

Начини на размножување на смоквата

Објавено 15/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Смоквите можат да се размножуваат на повеќе начини – со семки, со положување, со резници и со калемење.
Со семка смоквите се размножуваат само после вкрстување за производство на нови сорти. Уште Теофраст ја спомнувал сеидбата на смоквиното семе, а и Маврите во Шпанија произведувале смокви од семка.
Едногодишните гранчиња смоква многу добро се ожилуваат со положување. Се положуваат бујни летници. Но и овој начин на размножување ретко кога се искористува во пракса, бидејќи смоквите многу лесно се размножуваат со наједноставниот и најбрзиот начин на размножување – со зрели резници.

Размножувањето се резници се врши откако смоквата ќе се култивира. Само благодарение на тој лесен начин на размножување на смоквата таа можела да се распространи уште во предисторискиот период. Смоквата се размножува само со зрели едногодишни, двегодишни и тригодишни резници.

Во медитеранските земји резниците се садат веднаш на постојаното место. За таа цел се земаат и долги резници од 60-90 см, а во некои земји и над 100 см долги и 2,5 до 4 см дебели. Меѓутоа во расадниците се земаат резници од едногодишни гранчиња со должина од 20-25 см. На овој начин лесно се доаѓа до голем број резници, а и ожилувањето е подобро, се разбира, под услов земјиштето да е доволно влажно.

Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:размножувањесмоква
Претходен напис Ѓубрење на млади овоштарници
Следен напис Бензините поскапуваат од половина до еден денар, а дизелот за 1,5 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?