Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ѓубрење на млади овоштарници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Ѓубрење на млади овоштарници
Совети

Ѓубрење на млади овоштарници

Објавено 15/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За млади овоштарници се сметаат насадите во период на интензивен раст и развој на овошките. Тоа е периодот од садење на овошните садници па сè додека не развијат основни скелетни гранки, со предвидената форма на одгледување.
Младите овошки треба редовно да се ѓубрат за да се забрза растот и развојот. Во првата и втората година овошките се ѓубрат поединечно. Зоната на ѓубрење околу овошките би требало да биде нешто поширока од крошната. Првата година, на почетокот на вегетацијата, се извршува прихрана со 0,2 кг KAN или 0,1 кг уреа или 0,3 кг NPK 15:15:15 по стебло. На крајот на мај или почетокот на јуни се извршува уште една прихрана со исти видови и иста количина на ѓубре како кај првото прихранување.
Првата година на одгледување, во основното ѓубрење на овошките со густа структура, една овошка се наѓубрува со 0,15-0,20 кг со едно од комплексните ѓубрива NPK 7:20:30, NPK 6:18:36, NPK 7:14:21 или 0,1 кг NPK 8:26:26, NPK 10:30:20.
Во втората година на одгледување ѓубрењето се извршува во исто време и со исти видови ѓубре, со тоа што количината се зголемува за 30 до 50 отсто.
Во третата година на одгледување и понатаму, ѓубрењето се продолжува по целата површина на овоштарникот, освен кај посебните стебла, кога се додава од 0,2 (NPK 10:30:20) до 0,45 (NPK 5:20:30) кг/стебло, додека четвртата година посебните стебла се ѓубрат од 0,3 (NPK 10:30:20) до 0,6 (5:20:30) кг/стебло.
Времето на ѓубрење и видовите на ѓубриво се исти како и кај ѓубрењето на овошки во род. Кај прихранувањето на млади овошки со азот би требало да се настојува да се додаде поголема количина ѓубре на овошките кои растат послабо за овошките еднакво да се развиваат.

Извор: agrotv.net

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:ѓубрењеовошки
Претходен напис Снегот во Струмичко добредојден за житните култури, од студот се регистрираат штети кај расадот
Следен напис Начини на размножување на смоквата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?