Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Набавете трактор и приклучна механизација со 60% грант преку ИПАРД: Услови и потребна документација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Набавете трактор и приклучна механизација со 60% грант преку ИПАРД: Услови и потребна документација
Фондови

Набавете трактор и приклучна механизација со 60% грант преку ИПАРД: Услови и потребна документација

Последна измена: 27/09/2023 09:37
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Јавниот повик за мерка 1 од новата ИПАРД III програма овозможува кофинансирање во вид на неповратен грант во износ од 60% од вредноста на нов трактор и/или приклучна механизација. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално ги објави деталите од новиот јавен повик кој е отворен за аплицирање до 1 ноември 2023 год.

Кој може да аплицира

Земјоделски стопанства кои може да аплицираат се:

  • Семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице
  • Индивидуален земјоделец (ИЗ)
  • Земјоделско стопанство претставувано од правно лице

Земјоделското стопанство треба да биде регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Покрај земјоделските стопанства, на јавниот повик за мерка 1 може да аплицираат и:

  • Задруги
  • Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители)
  • Правни лица со најмногу 250 вработени, односно микро, мали и средни претпријатија (МСП)

НАПОМЕНА: Во случај корисникот претходно да користел ЕУ поддршка за трактор, не може дополнително да аплицира за инвестиција во трактор во рамките на ИПАРД III Програмата. Ова ограничување не се однесува на земјоделските задруги и здружени правни лица.

Каков трактор може да се купи

Набавката на трактор треба да биде во согласност со горната граница за моќност во киловати согласно регистрираниот производствен капацитет на земјоделското стопанство.

  • Земјоделски производители – според регистрираната површина во хектари.
  • Сточари – според регистрираните добиточни единици (ДЕ)
ТИП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВОГОЛЕМИНА (ha)ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW)
Овошје и лозје1-1060
10-5080
над 50100
Зеленчук0.3-140
1-1060
10-5080
над 50120
Житни и индустриски култури1-1080
10-50110
над 50150
ТИП НА СТОЧАРСКО ПРОИЗВОДСТВОГОЛЕМИНА (ДЕ)
(добиточни единици)
ГОРНА ГРАНИЦА ЗА МОЌНОСТ (kW)
Говеда за тов и млечни крави10-2060
20-5080
над 50100
Свињи8-10060
100-50080
над 500100
Овци/кози10-5080
над 50100
Живина10-14060
140-140080
над 1400100

Еден корисник може да набави еден трактор.

Прифатливи се набавки на трактори кои исполнуваат ЕУ стандарди кои се однесуваат на заштита на животната средина, особено во однос на границите на емисиите на гасови и загадувачки честички (Регулатива (ЕУ) бр. 167/2013), односно прва еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови ЕУРО 5 согласно Законот за возила.

Висина на финансиска поддршка

Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата изнесува 60% од вкупните прифатливи трошоци.

Процентот ќе се зголеми до:

  • 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (согласно Листата на планински области)
  • 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и/или земјоделски стопансва кои се сертифицирани како органски за предметната инвестиција

Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција за оваа мерка не може да биде пониска од 20.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи ДДВ.

Покрај набавка на трактори, како прифатливи трошоци за ИПАРД се:

-Мотокултиватори, фрези, плугови, ротофрези, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минирални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери, сетвоспремачи.

-Ѓубрерастурачи за арско ѓубре, прскалки, атомизери, опрема за систем за наводнување (капка по капка) подземно наводнување, микропрскалки, наводнување со оросување или комбинација од нив (пумпи за вода, базени, танкови, резервоари, филтри, опрема за дистрибуција на вода, опрема за ферт – иригација, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), кроење, чистачи на плевел.

-Косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка, косачки за фураж, собирач на пченка, копач, компировадачка, берачи за морков, домат, шеќерна репка, грозје и овошје, косачка за сено, машини за грубо рамнење/ чистење на почва, сортирачка, калибратор.

-Опрема за транспорт на овошје и зеленчук (бокс палети, пластични контејнери, освен гајби кои не се за повеќекратна употреба). Опрема за мерење на внатрешна и надворешна температура, влажност на почва и воздух, опрема за анализа на почва и стерилизација.

-Заштитни мрежи и покривки, опрема за заштита од птици, опрема за заштита од гром и опрема за заштита од измрзнување. Противградобијна опрема, према за расадување, складирање и манипулација на саден материјал.

-Опрема и машини за безпочвено одгледување. Опрема за подготвување и мешање на ѓубрива, супстрати, производи за заштита на растенијатата итн.

Може да ви се допадне

АФПЗРР: Потпишани нови договори за финансиска поддршка од Мерка 3 и презентирана можноста за авансно плаќање
Основни УСЛОВИ за да може да аплицирате за ГРАНТ од 600.000 евра за рурален туризам
Не ја пропуштајте можноста за 600 000 евра ГРАНТ за РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Изградба на ресторани, хотели, спортски објекти…
Планирате да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ преку ИПАРД, проверете дали населеното место спаѓа во рурални области кои можат да користат средства
Претставници од ЕУ на средба во Платежна агенција на тема ИПАРД
Таг:Ипардмашинимотокултиваториопрематрактори
Претходен напис Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија
Следен напис Рецепт за солило за традиционална македонска туршија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?