Професорката Фросина Ременски е активна на социјалните мрежи каде многу често споделува од нејзината работа во градината или овоштарникот.

Со оглед дека е време за подготовка на зимница овој пат на нејзиниот Фејсбук профил објави како подготвува традиционална македонска туршија:

Да си го одржам дадениот збор за рецептот за пресолот/солилото за традиционалната
македонска туршија. Пресолот се состои од мешање на два дела подготвена течност од:
Дел
: 4 литри вода, 1 литро алкохолен оцет 9%, 8 лажици сол и 3 лажици шеќер;
Дел
: 5 литри вода, 1 литро алкохолен оцет 9 %, 5 лажици сол, 5 лажици шеќер и еден винобран од 5 грама.
Кога ќе ги подготвите двата дела во посебни садови, измешајте ги заедно (првата течност истурете ја во втората или обратно) и пресолот е готов за употреба.
Количината на прсолот и тоа колку пати ќе ја повторите оваа постапка зависи од големината на садот/бурето во кое ставате туршија.

Со овој пресол можете да подготвите се’ – од феферони, кисели краставички, туршија …, се’ што бара пресол што не се вари, пишува Ременски.

