Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Украинските одгледувачи на полжави им пропаѓа производството поради намалениот пласман во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > На Украинските одгледувачи на полжави им пропаѓа производството поради намалениот пласман во ЕУ
Пазари

На Украинските одгледувачи на полжави им пропаѓа производството поради намалениот пласман во ЕУ

Објавено 29/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според податоците на Украинската организација за заштита на потрошувачите, производителите лани испорачале скоро 250 тони полжави во Европа, што е повеќе дури за 93% во однос на 2018 година. Оваа година многу се очекуваше но се појави Ковид-19.

-„Кога пред пет години ја отворив фармата за полжави овде во Војнивк во Украина, жителите не можеа  да го сокријат воодушевувањето и љубопитноста. Често ќе се загледаа преку ограда и гледаа како ги чувам и на кој начин ги хранам“; раскажува за своите почетоци Јулиа Коретска и додава дека ја нарекле „Мајка на полжавите“.

Инаку, Јулиа е една од првите производители на овие мекотели во Украина, а поради позитивното искуство и добро проширената работа се заинтересирале и многу други. Денес во делови на Украина има околу 400 фарми, кои своите производи ги пласираат во европските земји како Италија и Шпанија.

Корона вирусот го намали пласманот, производите се трупаат во ладилниците

Според податоците на тамошната органзиација за заштита на потрошувачите, производителите лани испорачале скоро 250 тони полжави во Европа, што е пораст од дури 93% во однос на 2018 година.

Но, оваа година поради епидемијата сепак нема да биде така добра, тврди Коретска. Поради затворање на рестораните и останатите угостителски објекти во делови од Европа, испораките останаа во земјата и за жал пропаднаа што предизвика големи трошоци.

-„Минатата година се беше одлично, а оваа е сосема спротивна“, вели Сергеј Данилејко, сопственик на фармата „Равлик“ во Вонивк и голем бизнисмен во Шпанија, каде инаку и ги пласира своите полжави. Признава и дека се изгубени нарачките кои чинеле околу 55.000 евра, а проблем му создаваат и залихите кои пропаѓаат во ладилниците.

Главниот конкурент на Украина, Полска, има дополнителна предност што е дел од ЕУ, а украинските земјоделци работат на тоа да ги привлечат европските клиенти со пониски цени за околу 10%. Данилејко и неговиот деловен партнер во меѓувреме преговарале со азиските пазари и развивале производи врз база на овие мекотели, како на пример намаз и замрзнати полжави, наведува Еуроактив. 

Предвирусен бум  

Пред пандемијата, украинската индустрија на полжави беше на врвот. Националното здружение на производители соопшти дека очекува земјоделците оваа година да произведат 1.000 тони полжави за разлика од произведените 200-300 тони во 2019 година.

– „Побарувачката за нашите полжави е голема бидејќи се евтини и со добар квалитет. Со нив се прават разни пецива, замрзнати филети, ги продаваме во тегли, а во понудата имаме дури и хамбургери“, потенцира Јулија Наставина, директорка на фармата Ravlykova Khata во Житомирскиот регион западно од Киев.

И покрај својата популарност во странство, украинските полжави сега мораат да ги најдат своите потрошувачи дома,  а за нив се многу скапи. Бројните ресторани сеуште не ги популаризирале.

Извор: Agroclub

Може да ви се допадне

Маѓар: Забраната за увоз на земјоделски производи од Украина останува
Цената на сончогледот во Украина достигнаа 630 долари/тон
Странски компании во Украина основаа свое здружение: Тие обработуваат дури 275.000 хектари земја
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:намален пласманпласман во ЕУполжавиУкраина
Претходен напис Продолжува многу топлото време – детали
Следен напис Глобалната штета на туризмот од корона вирусот достигна 320 милијарди долари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?