Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека забраната за земјоделски производи од Украина, која беше воведена за време на мандатот на претходната влада, останува на сила.
- Владата ја повлекува намерата на Унгарија да се повлече од Меѓународниот кривичен суд и забранува увоз на земјоделски производи од Украина – изјави Унгарецот во објава на платформата X, пренесува Укринформ.
Ограничувањата за увоз на земјоделски производи од Украина беа воведени од претходната влада на Виктор Орбан, поради вонредната состојба што беше усвоена на национално ниво поради војната во Украина.
Унгарскиот министер за земјоделство и прехранбена економија Саболч Бона изјави во четврток дека неговото министерство ќе подготви нов закон со цел да се врати правната сигурност во заштитата на унгарскиот пазар и домашните производители, и дека прописите ќе важат за месни производи, замрзнат зеленчук и житарки.
