Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Каква е ситуацијата со залихите на житарките на глобално ниво и дали тоа ќе биде причина за понатамошен раст на цените
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Каква е ситуацијата со залихите на житарките на глобално ниво и дали тоа ќе биде причина за понатамошен раст на цените
Пазари

Каква е ситуацијата со залихите на житарките на глобално ниво и дали тоа ќе биде причина за понатамошен раст на цените

Објавено 15/11/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Големата глобална побарувачка е одлучувачки фактор што води до намалување на вкупните залихи. Што предвидува американското Министерство за земјоделство?

Министерството за земјоделство на Соединетите Американски Држави (USDA) ги намали глобалните изгледи за пченицата во сезоната 2021/22 поради помалото производство. Но предвидува поголема потрошувачка, што може и тоа како да влијае на растот на цените од недела во недела.

Светското производство на пченица падна за 0,6 милиони тони овој месец, на 775,3 милиони тони, по извештаите од Европската Унија, Велика Британија и Турција за пониски приноси. Сепак, USDA претпоставува дека ќе се зголеми во Русија поради подобрите приноси, и тоа за 2 милиони тони.

Производството во ЕУ е резултат на пониските приноси во Франција и Германија, но делумно е надокнадено со повисоката жетва во Романија.

Во однос на глобалната потрошувачка, таа е зголемена за 0,4 милиони тони и изнесува 787,2 милиони тони. Главната причина е поголемата побарувачка во Русија, Иран и Турција. Сепак, пад се очекува во ЕУ, Велика Британија и Украина, наведува Аgrarheute.

Обемот на глобалната трговија ќе се зголеми за 3,5 милиони до нов рекорд од 203,2 милиони тони поради повисокиот извоз од ЕУ, Индија, Русија и Украина.

Половина од светските залихи држи Кина

Цените на пченицата драстично пораснаа во последниве месеци, како одраз на многу силен раст на потрошувачката ширум светот, истовремено намалувајќи го глобалното производство, забележува USDA во својот извештај. Имено, производството од година во година се намалувало во неколку големи извознички земји како Канада, САД, Казахстан и Русија. Поголемите количини од ЕУ, Украина и Аргентина не успеаја да го намалат тој јаз.

Многу големата глобална побарувачка е исто така одлучувачки фактор што води до намалување на глобалните залихи. Побарувачката за увоз моментално расте поради сушата на Блискиот Исток.

Но, околу половина од светските резерви ги држи Кина, а минатата година недостигот на сточна храна и високите цени на житото ја натераа земјата да ги намали.

Што се однесува до пченката, USDA го зголеми светското производство за 5,8 на 1.205 милиони тони. Тоа резултираше со зголемување на залихите за 2,7 милиони тони на 304,4 милиони тони, но и потрошувачката на тој промет. Се предвидува дека поголемата реколта ќе биде резултат на повисоките приноси во Аргентина поради поголемите засеани површини. Исто така, истата ситуација може да ја снајде и ЕУ поради растот на површините во Полска, Романија и Франција. Додека извозот на ова жито се зголеми за Иран и Тајланд, а се намали за Нигерија и Турција.

Помалку соја во САД

Според извештајот на USDA, глобалното одгледување на јачмен би можело да се намали за речиси два милиони тони поради помалото производство во Турција, ЕУ, Русија и Украина. Кинескиот увоз на оваа житарка е зголемен за половина милион тони на 10,1 милиони тони и за Турција на 1,8 милиони тони, додека за Саудиска Арабија е намален за половина милион тони на 6,5 милиони тони.

Според Стејт департментот на САД, производството на соја би можело да биде за 1,1 милион тони помало и да изнесува 384 милиони тони во сезоната 2021/22. Тие забележуваат дека намалувањето во САД е делумно компензирано со индиското производство, кое ќе биде повисоко за околу еден милион тони.

Прогнозата за производство на соја во периодот 2021/22 година за САД предвидува 0,5 милиони тони помалку, што би изнесувало 120,4 милиони тони, и помал извоз од 55,8 милиони тони.

Во Аргентина е пониско за 1,5 милиони тони и изнесува 49,5 милиони тони. Што се однесува до извозот на оваа мешунка, USDA предвидува пад од еден милион тони, на 172,1 милиони тони, при што помалиот извоз од Аргентина и САД ќе се надомести со оние од Бразил и Индија. Кинескиот увоз падна на 100 милиони тони, а светските залихи за 0,8 милиони тони на 103,8 милиони тони.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Таг:пченицасоја
Претходен напис На третиот крапски риболовен натпревар на Осломејското Езеро најдобрата екипа улови 65.180 кг крап
Следен напис Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?