Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На располагање 9,2 милиони евра од ИПАРД 2, мерка 1„ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > На располагање 9,2 милиони евра од ИПАРД 2, мерка 1„ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“
Фондови

На располагање 9,2 милиони евра од ИПАРД 2, мерка 1„ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“

Последна измена: 05/03/2020 09:49
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите од денеска па се до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата. Станува збор за мерката „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“  од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува  9.216.693 евра или  568.147.394 денари. Овој повик им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар на инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека :

„Мерката  е наменета за реализирање на инвестиции кои се однесуваат на следните приоритетните сектори: растително производство, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик не се прифатлива инвестиција трактори. “- појаснува Бабовски.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од: 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Сите кои сакаат да аплицираат треба да имаат комплетна документација и да пополнат и поднесат Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерка 1 – „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“, и придружна  документација како што е наведена во Јавениот Повик. Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2020 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Северна  Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Да заврши откупот на јагнето, ако има потреба, ќе направиме корекција на мерката за сточарите да можат да ги искористат сите планирани средства за 2025
Трипуновски за мерката „Млад земјоделец“: И тие кои дента ќе се евидентираат во МЗШВ можат одма да аплицираат за грант од 600 000 денари
(ВИДЕО) 24ТВ: Трипуновски во Студио 10 зборува за откупот на јагнето, исплата на субвенциите, активниот повик „Млад земјоделец“…
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Како до неповратен ИПАРД грант за преработка на овошје, зеленчук, грозје, винарии…
Таг:Ипардмерка
Претходен напис Атанасов: Правилникот за продажба од куќен праг овозможува развој на малите семејни фарми
Следен напис Откупот заврши: Целокупното договорено количество што го имаа откупните претпријатија со тутунопроизводителите, е откупено!
1 коментар 1 коментар
  • Isa напиша:
    на 15/06/2020 г. во 13:50 часот

    Finansii za zemjodelec isa Rasidoski od 40.000€

    Одговори

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?