На малиот француски остров Илие де Ре живее симпатичен вид магариња кои носат пижами. Но тие не се облечени во пижамите за да им бидат интересни на туристите и да ги красат фотографиите. Тоа всушност претставува практична одбрана од болви и комарци кои таму ги има во изобилство.
Нивните пижами се направени од стари завеси и постелнина. Им ги покриваат само нозете, бидејќи остатокот од телото им ги заштитуваат долгите влакна. Ако погледнете надолу, ќе забележите дека нивните копита изгледаат како да носат и чевли.
Кон крајот на 1970-тите, на овој вид му се закануваше исчезнување, но за среќа денес популацијата е обновена. Тие учествуваа во секојдневните работи на село, а иако денес се повеќе домашни миленици отколку работници, сепак повеќето од нив останале во пижами.




