Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На граничните премини „Блато“ и „Џепиште“ за осум месеци минале над 586 илјади патници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На граничните премини „Блато“ и „Џепиште“ за осум месеци минале над 586 илјади патници
Агровести

На граничните премини „Блато“ и „Џепиште“ за осум месеци минале над 586 илјади патници

Објавено 14/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На двата гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во изминатите осум месеци од годинава забележана е рекордна фреквенција на патници. Според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи, за влез и излез се регистрирани вкупно 586.884 патници, што е за над 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.

-Гледано одделено, на граничниот премин „Блато“ влез оствариле 289.893, додека излез 259.315 патници. На вториот граничен премин, „Џепиште-Требиште“ на влез регистрирани се 19.090, а на излез 19.476 патници, потврдуваат од Министерството.

Во текот на целата мината календарска година на двата премина, за влез и излез се регистрирани вкупно 650.670 патници, бројка која оправдано се очекува да биде надмината.

Фреквенцијата на преминот „Блато“, кој е на оддалеченост од четири километри од Дебар, е видно зголемена по пуштањето во употреба на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) со што оддалеченоста од преминот, до Тирана, се намали од 180 на 72 километри. Поради тоа, поголем бројот граѓани кои одлучуваат летниот одмор да го минат на албанското крајбрежје го користат овој премин, како и македонските печалбари од Италија кои пристигнуваат со траекти до Драч и со возила го продолжуваат патот кон родните места, но и жителите од Голо Брдо кои работат во Италија, поради покусата оддалеченост. Тука секако се и албанските туристи кои доаѓаат во македонските туристички места
за одмор, бањско лекување, викенд престој, роднинските посети, домашни веселби, како и шопинг.

Граничниот премин кај Џепиште, кој е на 15-тина километри од Дебар, на патниот правец Дебар-Струга, е од локален карактер. Во летниот период, односно од 1 април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот. Право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо на албанска страна.

МИА

Може да ви се допадне

Почнува летото
Европа под топлотен бран, температурите се искачуваат до 41 степен
Грција подготвува план за справување со ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus
Намалување на цената на горивата од понеделник – најави Мицкоски
Синдикалната минимална кошница во јуни 68.654 денари, намалена за 88 денари во однос на мај
Таг:586 илјади патнициБлатограничните преминиЏепиште
Претходен напис Падна снег во Босна и Херцеговина
Следен напис ИПАРД грант до 600.000 евра за производство на хартија и производи од хартија: Сите услови на едно место
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?