Пред пет години, хрватската компанијата „Брача Планчиќ“ што се занимава со производство на вино, ја зафатила голема деловна трагедија. Накратко, тие им се спротивставиле на моќниците, па им следувало брзо затворање. На сопствениците им било забрането да влезат во фирмата, дури било поставено и обезбедивање кое им го ограничило пристапот. Приходите им исчезнале преку ноќ, а не смееле ниту да се доближат до лозјата.
Магдалена Планчиќ, ќерка на Антун, еден од тројцата браќа винари, тогаш имала 14 години и требало да избере во кое средно училиште ќе учи.
-Можеби тогашната ситуација со фирмата не допре до мене толку силно, бидејќи со мајка ми и сестра ми живеевме во Сплит, така што првиот удар на деловната катастрофа не дојде веднаш. Но, кога пристигна, се почувствува насекаде, заштедените пари ги снема, фрижидерот се испразни, се внимаваше се секоја паричка. Џепарлакот ми стана сон. Реалноста стигна и во форма на бројни озборувања, вртење грб, исмевање, клеветење. Морав да пораснам најбрзо што можам. И точно знам кога сфатив тоа, кога го видов татко ми, човекот кој никогаш не се нервираше, како плаче. Тогаш знаев дека дошол крајот. Да, имав 14 години, но одлучив да го напуштам Сплит и да им помогнам на родителите, раскажува Магдалена за „Слободна Далмација“.
Воведот е тажен, но во секоја бајка има пресврт, кој доаѓа по многуте проблеми. Хероите се познаваат по делата. Но, тоа исто така значи дека кога животот ја затвора вратата, го отвора прозорецот. Доволно широк за да низ него помине Магдалена. Училиштето за туризам во Сплит го оставила и се префрлила во Хвар.
Пристигнала во центарот на проблемите, раскажува таа, веднаш ги почувствувала безбројните лоши погледи во новата средина. Тоа никому не му е лесно, најмалку на 15 годишно девојче. Ги засукала ракавите, а кога престанале првите забрани отишла да работи во лозјата со работниците. Ги слушала постарите, учела. Многу брзо научила да се грижи за себе, да готви за себе и за татко ѝ, се грижела за домакинството, садела зеленчук во градината за да ги намалат трошоците… Немале пари.
– Нема милиметар во куќата во Хвар, каде што не е падната моја солза. Што требаше да правам?! Да се преправам дека немаме проблеми. Да барам пари за искачање, а пари нема. Само ова ми имаше останато. Кога успеавме да ја тргнеме забраната, веднаш отидов да ја исчистам винаријата. Влеговме во лозјето, почнавме да ги средуваме лозите. На 17 години ја имав и првата нова берба, онаа што ја одгледав со љубов и знаење. Да, јас изглледам кревко, но не се плашам од црното под ноктите, и жулењето на чизмите. Носев и гајби и работев во складот и сè. Денес сум во штикли и ноктите ми се средени, но бев покрај татко ми како верно кученце и секогаш со лист и пенкало запишував што треба да се прави. Збор по збор и објаснување. Така научив – вели таа.
Таа денес може да држи предавање за вината на Планчиќ, а тоа и го прави. Се запишала и на онлајн студии за маркетинг, социјални медиуми и односи со јавноста на Универзитетот во Љубљана. Онлајн – затоа што нема време да седи во студентска клупа и да ја учи теоријата која ја практикува во секојдевната работа во лозарството и винарството.
Магдалена веќе оди на лозјата и во винарската визба сама, таа ја претставува куќата во која пораснала. Цела година, во нејзиниот опис на работа е и контактирање со еминентни хрватски хотели и ресторани заради пласманот на виното. Еден по ден ги среќава и им објаснува зошто вината на „Брача Планчиќ” треба да ги додадат во нивните вински карти.
– Никој досега не ме одбил. Иако се шокирани кога гледаат млада 19-годишна жена на бизнис-средба со нив. Уште повеќе се изненадени од фактот колку јас знам. Ги разбирам, нивниот скептицизам е на почетокот, потоа сфаќаат дека семејството има подмладок што ќе ја продолжи работата. Јас се заљубив во енологијата. Е сега, дали е тоа поради тоа што цело време брцкав со прстето во чашите со вино и ги шмукав, или пак заради целата ситуација, не знам. Но знам дека ќе продолжам со работа, вели таа.
Магдалена станува во осум. Потоа ги чита пораките од деловните партнери, па добива задачи од татко ѝ. Подготвува нарачки, студии, кампањи.. го рекламира својот бизнис на социјалните мрежи… Со нејзините идеи целиот маркетинг е промет. Одлучиле виното „Браче Планчиќ” да не се продава во продавници, туку само во хотели, ресторани и кафулиња. Втората одлука била да се оди со ограничено производство, од само 75.000 шишиња годишно, и секое шише има ознака од местото каде е произведено, тежината, годината и редниот број.
– Анализата покажа дека забраната нè врати четири години назад. Сега го убалажуваме тоја број. Но, за да се израмниме со пазарот, треба да работиме многу повеќе. Мојата помлада сестра е генијалец и студира кулинарство. Веднаш ѝ дадов задача да направи десерт за секое од нашите вина. Ѝ ги кажав и карактеристикитеЧ нашето „Агер ресерва“ е познато бело вино, „Опол“ е традиционално хварско, кое не е лесно како „малиот плавец“, но во семе има „жица“ на малиот плавец. И кога надвор има 35 степени, тоа добро се вклопува со некое посилно јадење, гулаш, стек… Трето на нашата листа е нашиот „Фарос Гранд Гру“, виното во кое уживаше и Путин и кралицата Елизабета. Тоа е вино кое е наш преставник и се дава како подарок на високи државни службеници и познати личности, вели Магдалена.
Каде Магдалена се гледа во иднина? Каде ќе биде кога ќе ги реализира палновите? Да, постојат планови. Да ги заврши студиите, да стане сомелиер, иако овој дел од образованието веќе започна, со сестра ѝ да отворат мал ресторан што ќе ги поврзе кулинарството и енологијата. Можеби некогаш и студии за дефектологија или логопедија. И, секако, да продолжи со семејната традиција на производство на вино.
-Кога на било кој саем здогледам жени – производители на вино веднаш одам на нивната маса. Ги прашувам за искуствата, разговараме. Малку жени има во овој бизнис. Но, една работа ме прави многу горда, кога татко ми за мене и сестра ми ќе рече дека сме подобри од синови, е тоа е комплимент, вели Магдалена.
Маглдалена не излегува многу често бидејќи има премногу обврска. Има момче кое исто така е посветено на неговата кариера. Сакам да се дружи со постари генерации, а животот ја научил да размислува сериозно и да ја планира иднината.
-Ова не е животот каков што живеат моите врсници, но ја уживам во него. Некои луѓе очигледно се различни, тие го наоѓаат својот животен пат порано. Во светот на виното нема многу жени, а и да има бавно излегуваат на виделина, па тука би сакала да оставам својот печат, открива Магдалена.
Напишете коментар