Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна
Агровести

МЗШВ започнува нов проект за Национална стратегија за oбезбеденост со храна

Објавено 30/06/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поставување на основата за подготовка на интегрирана Национална стратегија за обезбеденост со храна во Северна Македонија ќе биде во фокусот на нов проект на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

Проектот беше промовиран денеска преку настан во Скопје, организиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ФАО во партнерство со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

Во своето поздравно обраќање, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, истакна дека во ова време на глобални промени, од суштинско значење е да се обезбеди пристап до безбеден, стабилен и прифатлив извор на храна за сите, и дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе даде целосна поддршка во процесот на развој на Националната стратегија за обезбеденост на храната.

Министерот Николовски се надоврза и на минатонеделната министерска конференција во Берлин, на која беше испратена порака дека земјоделците, но и сите граѓани, треба да се прилагодиме на новите промени и да се обединиме во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна.

‘’Соочувајќи се со предизвиците од пандемијата Ковид-19 и војната во Украина за домашната обезбеденост со храна, ние како министерство и Владата ја препознавме важноста на Национална стратегија за обезбеденост на храна, како патоказ за утврдување на националните приоритети за подобрување на домашното земјоделско производство, а со тоа и достапноста на храна и можноста секој да си овозможи здрава исхрана. Ваквата стратегија може да ни помогне да го направиме нашиот прехранбен систем поиздржлив и отпорен на идни вакви кризи, кои можат да ја загрозат националната обезбеденост со храна’’ – рече министерот Николовски.

Иницијативата за изготвување на ваков документ, започна пред една година кога денешната светска криза воопшто не беше на повидок, а еве денеска веќе имаме официјален почеток на проект со јасно дефинирани цели и резултати кои треба да ги постигнеме.

Генерално, проектот има за цел да го реши идентификуваниот недостаток на стратешка рамка за обезбеденост со храна во Северна Македонија преку поддршка на Владата да ги подготви релевантните документи, студии и анализи потребни за развој на првата Национална стратегија за обезбеденост со храна во државата. Проектот е дел од Регионалната иницијатива на ФАО за трансформација на системите за храна и олеснување на пристапот до и интеграцијата на пазарите, и се очекува да биде завршен до средината на 2023 година.

„Целта на оваа Стратегија е да се зголеми земјоделското производство за да можеме со помали трошоци за производство да ги задоволиме домашните потреби. Друга цел ни е да се подигне квалитетот на македонските производи, овозможувајќи препознатливост и конкурентност на нашите производи, создавање на услови за одржливо производство кое води грижа за животната средина, задоволување на потребите на граѓаните во услови на било каква криза и промовирање на здрави навики во исхраната со посебен акцент на жените и младите“, потенцираше министерот Николовски.

Системите за снабдување со храна, домашни и меѓународни, се нарушени и продолжуваат да влијаат на глобалните цени на житото, ѓубривата и енергијата. Меѓународните цени на храната постојано растат, зголемувајќи го и онака тешкиот товар врз глобалната обезбеденост со храна. Покрај тоа, растечката фреквенција и интензитетот на екстремните климатски настани продолжуваат да бидат главна пречка во системите на снабдување и проблем во обезбеденоста со храна.

Поконкретно, во тесна соработка со Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, преку консултативен и партиципативен процес, ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат на собирање на потребни национални податоци за обезбеденост со храна и здрава исхрана, како и на детална анализа на релевантните национални политики, кои ќе послужат како основа за нацрт на идната Стратегија за обезбеденост со храна.

Дополнително, ќе се спроведе институционална анкета за да се подготви предлог за воспоставување на постојан меѓу-институционален национален координативен механизам како главно државно тело во кое ќе бидат вклучени сите засегнати министерства и државни агенции кои ќе бидат одговорни за стратешкиот надзор на спроведување на националната стратегија, закони, политики и програми поврзани со обезбеденост на храната.

Може да ви се допадне

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Претходен напис Дали Европа ја очекува тешка криза со вештачките ѓубрива?
Следен напис Бачовски: Денеска на сметките на 10.277 млекопроизводители се исплатени 76.3 милиони денари по основ на предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?