Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Исплатени 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка кон 5.851 лозаропроизводител
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Исплатени 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка кон 5.851 лозаропроизводител
Агровести

МЗШВ: Исплатени 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка кон 5.851 лозаропроизводител

Објавено 09/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања, за произведено и предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.

Исплатени се 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка до 5.851 лозаропроизводител.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, или е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет регистриран за производство на вино во Република Северна Македонија.

Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 2 денари по килограм.

Преку новиот модел за субвенционирање кој започна со примена од оваа година, земјоделците се сведоци на побрза и редовна исплата на субвенциите. Навремено и пред законскиот рок исплатени се во целост сите основни субвенции кон земјоделците. Токму кон лозаропроизводителите досегашната исплатена поддршка во оваа 2023 година достигнува близу 800 милиони денари.

Следува мерката за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, односно зелената нафта, мерка за која нашата држава е единствена во регионот со таков вид на поддршка кон земјоделците. Дополнително како резултат на новиот модел за субвенционирање, кон сите земјоделци следува реализирање на 30% авансна исплата на субвенциите. Земјоделците, за прв пат во една година, ќе добијат дел од субвенциите за истата тековна година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лозаропроизводителмзшвподдршка
Претходен напис Со поддршка од ИПАРД 3 имате можност да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ – еве ги основните услови за правно и за физичко лице
Следен напис Утре времето ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?