Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Аплицирајте за мерката 1.7 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > МЗШВ: Аплицирајте за мерката 1.7 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети
Јавни огласи и повици

МЗШВ: Аплицирајте за мерката 1.7 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Објавено 19/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци дека во тек е аплицирањето за дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

Напоменуваме дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 25 декември 2023 година.  

Како корисници на подмерката 1.7 се јавуваат земјоделски стопанства, кои имаат засадено површини со градинарски култури, и се корисници на подмерката 1.4 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.

Мерка 1.7

Оствареното производство да им е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук, директно, или преку еден регистриран откупувач, во период од 26 декември 2022 година, до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените градинарски култури, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од  АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потебно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата.   

Покрај аплицирањето за мерката 1.7 земјоделците можат да аплицираат и за мерките

  • „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
  • „Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
  • „Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
  • „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
  • „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, упатува апел до сите земјоделци навремено да ги пополнат барањата и да аплицираат, остварувајќи го правото за дополнителни директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа садеше тутун!
Таг:Аплицирајтеградинарски културикапацитетимерката 1.7мзшв
Претходен напис Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови
Следен напис Засилени инспекциските контроли на храната, акцент ставен на новогодишните пакетчиња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?