Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

МЗШВ: Ја следиме состојбата со откупот на јагнето, се бараат и други пазари, а се разгледуваат и мерки за поддршка на сточарите


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја следи состојбата со појавата на вирусот КОВИД 19 во нашата земја и влијанието врз земјоделството.

Во тој контекст, знаеме дека за околу 10-тина е шпицот за извозот на македонското јагне на странските пазари и дека Италија е еден од клучните наши увозници на јагне. Со оглед на случувањата во Италија со вирусот корона, доколку не може во оваа земја да се направи извоз, веќе разговараме и сме во комуникација со компаниите за барање на алтернативни пазари за извоз на македонското јагне.

Нашата намера како ресорно министерство е јагнето да биде извезено, и ќе ги направиме сите обиди доколку не може во Италија нашето јагне да се извезе во други земји. Транспортот на стока не е забранет и ќе се одвива под посебни безбедносни протоколи. Но, со оглед на тоа дека не можеме да предвидиме што ќе се случува со ширењето на вирусот корона, какви мерки ќе преземаат останатите држави, доколку се случи да не се реализира целосно извозот, МЗШВ со соодвтени мерки ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите, коишто секако ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне.

МЗШВ апелира до сите земјоделци, да ја имаат во предвид моменталната состојба со ширењето на вирусот КОВИД 19 во нашата држава и последиците што би можело да ги има земјоделството. Затоа, ќе бидеме во постојана комуникација со сите земјоделци и стопанственици од агросекторот, со цел навреме да се носат мерки и да не трпат загуби

Мар 18, 2020agrotim1
(ВО ЖИВО) Спасовски: Владатата нема дилема, за првпат во историјата вонредна состојбаАгросекторот општествено одговорен и во услови на пандемија: Домашното производство на храна е најсигурно за граѓаните

Напишете коментар Откажи одговор

18/03/2020 Пазаривирус, италија, ковид, пзар1,117

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019