Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Агросекторот општествено одговорен и во услови на пандемија: Домашното производство на храна е најсигурно за граѓаните


Актуелните случувања во државата со воведувањето на вонредната состојба поради пандемијата предизвикана од корона вирусот, ги засега сите граѓани, а директно влијае на стопанството и земјоделското производство.

Државата го има ова во предвид и ги превзема сите потребни мерки да им се помогне на земјоделците и агрокомплексот, а ние ги прашавме земјоделците и агробзинисмените како се справуваат во оваа ситуација и што е она што треба да го превземе Владата во ваква деликатна ситуација.

Во продолжение ви го пренесуваме размислувањето на сопственикот на Биспромет – Агроцентар , Никола Ѓероски за актуелните случувања, нивните мерки со кои им помагаат на земјоделците и сугестиите до Владата поврзни со земјоделското произодство.

„Биспромет-Агроцентар е веќе 30 години во Македонскиот аграр и е сервис на Македонските фармери. За овие 30 години поминавме многу добри и лоши периоди, почнувајќи од војната во бивша Југославија, осамостојувањето, кризата во 2001 г. Па се до денеска со оваа криза во која се во опасност нашите животи и животите на нашите најблиски, со појавата на Корона вирусот кој зафати светски размери и премина во Пандемија.

Во сите досегашни лоши и опасни периоди постоел страв кај луѓето и паника, така и денеска со оваа епидемија има паника кај луѓето конкретно кај фармерите. Намален е протокот на луѓе иако е време на сеидба на расад за градинарски култури, сеидбата на пролетни култури, време е за продажба на јагнињата. Постои страв кај фармерите од недостаток на репроматеријали, семенски материјал, гориво, вештачки ѓубрива, особено од сето она што е поврзано со увоз од трети земји.

Ние како сериозна фирма од областа на аграрот се вклучивме во препораките на владата околу зачувување на јавното здравје. Гледајќија сериозноста на ситуацијата им препорачуваме на фармерите да не ги напуштаат своите фарми , и да не се групираат во поголеми групи. Се што им е неопходново моментот околу набавка на репроматеријали, можат да се обратат на нашите телефони и се ќе им биде доставено до нивните фарми.

Вработените во Биспромет-Агроцентар, Битола прават надчовечки напори навремено да се изврши увоз на семенски материјал и вештачки ѓубрива и ги уверуваме фармерите дека се ке биде пристигнато на време иако имаме големи проблеми околу увозот и транспортот. Сакаме да ги информираме фармерите дека нема да има зголемување на цените во Биспромет иако имаме зголемени трошоци за транспорт, недостаток на шофери и страв кај транспортерите.

Како сопственик на фирма од Аграрот многу години, сум ги согледал и добрите и лошите страни и политики на сите досегашни влади. Конкретно никого нема да именувам меѓутоа ќе кажам што сметам дека треба да се промени во овој сектор.

Прво требаше да ни се случи вонредна состојба со корона вирусот за да сватиме колку многу ни значи производството на здрава храна и менаџирањето со неа. Сите досегашни влади носат краткорочни мерки кои ке го зголемат нивниот рејтинг на краток рок. Никој до сега не донел долгорочни мерки во Агросекторот, мерки кои ке обезбедат сигурност кај земјоделските производители, сигурен откуп, сигурно складирање на земјоделските производи кои ке бидат добродојдени во вакви ситуации, редовни исплати на субвенции и заштитни откупни цени, воведување на висококвалитетни сорти, поттикнување на органско производство и.т.н.

Денес кога соседите се закануваат со запирање на извоз на основни прехрамбени продукти се освестуваме што би станало ако немаме резерви на храна во државата, немаме сместувачки капацитети, чувањето на храната ја даваме на сомнителни фирми блиски до власта.

Друго за нашиот аграр многу е битно хитно враќање на мерката -купувајте домашни производи- со тоа ке го зголемиме домашното производство, и свеста кај луѓето да го ценат домашното производство. Хитно рестартирање на фабрики за производство на храна кои некои предходни влади ги затвориле ( фабриката за шеќер во битола и повеќе конзервни фабрики)

Оваа и секоја следна влада треба да се посвети на изнаоѓање позитивни решенија и мерки да не се доведеме во ситуација нашата држава да биде зависна за храна од трети земји – вели Ѓероски за Агротим.

Мар 18, 2020agrotim1
МЗШВ: Ја следиме состојбата со откупот на јагнето, се бараат и други пазари, а се разгледуваат и мерки за поддршка на сточаритеБектеши: Ова е лажна вест, имаме доволно резерви на пченица и брашно

Напишете коментар Откажи одговор

18/03/2020 Агровестиvlada, паднемија, стопанство770

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019