Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мразот „ги изгоре“ француските лозја – Во саботата измерени -7 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мразот „ги изгоре“ француските лозја – Во саботата измерени -7 степени
Агровести

Мразот „ги изгоре“ француските лозја – Во саботата измерени -7 степени

Објавено 06/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мразот изминативе неколку денови направил големи штети во некои француски лозарски региони.

„Имам околу триесет хектари мерло кое веќе имаше повеќе од два раширени листови. Сè е замрзнато“, се пожали за Vitisphere Ерик Мејно, винар од Ландерруат, во југозападниот дел на земјата.

На само 20 километри посеверно, Винсент Жеро на социјалните мрежи сподели „изгорени“ пупки од винова лоза. Таму во саботата во текот на ноќта биле измерени -7 ° C .

May be an image of nature

„Сè изгоре“, напишал тој под две фотографии, а во коментарите на колегите од југоистокот се гледа дека не биле поштедени ниту тие.

May be an image of outdoors and tree

Мразот во овој регион се појавил по многу благи температури во март поради што ластарите се развиле рано.

Следејќи ја прогнозата, некои одгледувачи запалиле свеќи, гасни турбини, па дури и слама во нивните насади. Оние што ги кроеле лозјата малку подоцна, би можеле да имаат помала штета.

May be an image of candle, fire and outdoors

Дел од лозарите се тешат дека имаат доволно сорти што созреваат подоцна.

„За неколку дена ќе сфатиме дека плантажите реагираат подобро од очекуваното“, оптимист е лозарот Беноа Готје, кој верува дека сепак нема да се повтори 2021 година, кога француската винска индустрија беше опустошена од најлошиот мраз во последните децении.

Минатогодишното производство на вино беше едно од најлошите во историјата.

Треба да се напомене дека во Шампањ, на североистокот на Франција, температурата била на рекордно ниско ниво од -9 ° C, што е последна таква температура забележана од април 1947 година. Сепак, таму вегетацијата се уште не беше интензивно започната, па лозјата беа поштедени.

Кога станува збор за другите култури, Ројтерс пишува дека најпогодени се одгледувачите на сливи, цреши, јаболка и круши, а некои би можеле да загубат најмалку 80 отсто од родот.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:мраз
Претходен напис (ФОТО) „Охридски Комуналец“ го чисти крајбрежјето на Охридското Езеро
Следен напис Повеќе од 20.000 банкари и брокери во Шангај поради карантинот спијат во своите канцеларии, споделувајќи тоалети со 20 луѓе без пристап до тушеви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?