Екипите на ЈП „Охридски Комунелец“ деновиве реализираа вонредни активности за чистење на дел од крајбрежниот појас на Охридското Езеро.

Извршено е целосно расчистување на плажите Сараиште, Грашница и Канео при што беа подигнати поголеми количини тешко разградлив комунален отпад, трска и дива вегетација.

Во рамки на активностите се изврши и расчистување на крајбрежниот потег на градскиот кеј, во близина на Холандскиот Парк, каде што беше употребена и специјална механизација за расчистување на муљ, трска и друг вид отпад од езерските води.

Согласно програмата на „Охридски Комуналец“ за вонредни активности во делот на чистење на реки и речни корита, вчера се чистеше и речното корито на реката Сушица во делот на улица „Прилепска” каде што била поставена заштитна преграда за превенирање и стопирање комуналниот и пластичен отпад да не заврши во Охридското Езеро.

– Со специјална механизација беа подигнати поголеми количини на тешко разградлив отпад и пластична амбалажа и беше депониран на депонијата Буково – информираа од ЈП „Охридски комуналец”.
Екипи на претпријатието го исчистиле и отпадот во месноста Црногорци и улицара „Кленоец” (Касарна), каде од несовесните граѓани бил депониран и расфрлан комунален и кабаст отпад.

