Ако некогаш сте се запрашале дали кравите јадат зелечук и каков, одговорот е дека јадат и тоа најмногу оној кој спаѓа во групата на коренесто кртолести растенија. Одредени сорти на зеленчук можат да послужат како одлично дополнување во исхрана на говедата особено во зимскиот период поради позитивното влијание и стимулација на процесот на варење.
Градинарските видови на зеленчук служат само како дополнување во исхраната поради извонредно ниското ниво на масти и протеини и поради тоа во оброкот се додаваат во помали количини. Исчистени, сирови и исечкани на парчиња, пожелно е во оброкот да се додаваат постепено околу два до три килограми дневно.
Кравите најмногу конзумираат компир, морков и тиква
Протеините претставуваат основа на исхраната на млечните крави, затоа аминокиселините кои спаѓаат во состав на зеленчукот, имаат директно позитивно влијание кај нив. Со додавање на компир во оброкот, се забрзува производството на млеко се оглед дека компирот во својот протеински состав содржи аминокиселини лизин и метионин. Прашање е само дали да се дава сиров или варен компир. Сировиот најчесто се дава во есенскиот период, исчистен од остатоците земја, може но и не мора да биде излупен. Оној кој изртил или позеленел се вари и како таков се дава на добитокот.

Компирот во исхраната се воведува постепено, три до четири килограми дневно. Секое претерување предизвикува дијареа.
Морковот е одличен извор на бетакаротен. За подготовка на оброк потребно е добро да се исечка на ситни парчиња за да не дојде до давење на говедото. До пет килограми дневно свежо исчистени моркови сосема е доволно за едно возрасно молзно грло во период на лактација. Секое претерување во количините, може да доведе до несакани ефекти на ацидоза.
Хранливиот дел од тиквата содржи 80% вода, 7% јаглехидрати, многу малку белковини и масти и минерали, од кои се издвојува калиумот. Исто така содржи и бројни витамини, а посебно е богата со провитамин А, витамини Б1, Б2, Ц што многу поволно делува на метаболизмот и општото здравје на кравите. Се користи во сирова состојба или варена, а по хранлива вредност е слична на добиточната репка.
Да се дава зеленчук во свежа состојба
Овие зеленчуци кои содржат многу голем процент на вода, пожелно е да се даваат во свежа состојба. Секое складирање и чување поради високиот процент на вода, доведува до губење на хранливите материи, брзо расипување и пропаѓање. Првите знаци на расипување на компирот, морковот, тиквата или друг коренест зеленчук е факт дека истите треба да се отстранат и во никој случај да не се даваат на животните. Ако правилно се чува во текот на зимата и правилно се складира за претстојните студени денови, овој зеленчук имаа полн капацитет на делување како дополнителен оброк.
Извор: Аgroklub.rs
