Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Корисни совети за подготовка на зимница кои ќе ви ја олеснат работата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Корисни совети за подготовка на зимница кои ќе ви ја олеснат работата
Магазин

Корисни совети за подготовка на зимница кои ќе ви ја олеснат работата

Објавено 12/10/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога на поминување ќе ни замирисаат печени пиперки, сфаќаме дека е време да се збогуваме со летото и дека доаѓа време на зимниците. Денес, имаме зеленчук и овошје  во изобилство, во секое време од годината, така што главната причина за подготовка на зимницата не е повеќе чувањето на оваа храна во текот на зимата. Многу домаќинки, особено оние кои штотуку започнуваат, се соочуваат со прашања – Како да се подготви  зимница и дали е воопшто потребно тоа?

Домашната зимница представува начин да се јадат домашни, традиционално подготвени специјалитети, според семејни рецепти, во најстудените месеци. Вреди да се потрудите бидејќи оваа храна е без конзерванси, полна со витамини и со автентични вкусови.

Секој оброк е вистинска гозба, бидејќи имаме нешто здраво, вкусно и освежувачко дури и за време на студените зимски месеци. Полиците полни со тегли се најтоплите спомени од детството.

Кој зеленчук треба да го користиме?

Кога велиме зимница, мислиме на ајвар, кисела зелка, кисели краставички, шарена салата,  пиперки припремени на секаков начини. Без наведените специјалитети, едноставно зимницата не е тоа што треба да биде. Меѓутоа, кога се приготвува зимница, секогаш можете да пробате некој оригинален рецепт, нова комбинација на зеленчук, различна од онаа на која сме навикнале.

Секое семејство има свој вкус, познато е кој јаде зачинето, кој сака најмногу кисела салата, од кого треба да го криете ајварот  или краставиците. Каков што е  вкусот на вашите најблиски така ќе ги модифицирате и постоечките рецепти .

Традиционално, ние секогаш подготвуваме одреден зеленчук на ист начин, додека има и плодови кои што неправедно се занемаруваат.

Што е потребно за подготовка на зимницата?

Со цел подготовката на зимнцата да биде успешна и за да се зачува зеленчукот  во теглите, потребно е да се придржувате до неколку основни принципи.

Како прво, зеленчукот мора да биде здрав, зрел, свеж и добро измиен. Оштетените делови од плодовите мора да се отстранат и да се исечат непосредно пред подготовката, бидејќи во спротивно се губат витамините, бојата и текстурата.

Целокупниот прибор за готвење мора да биде емајлиран или изработен од челик, поради киселините што се користат при подготовката. Теглите, шишињата, капаците мора да се измијат и да се стерилизираат пред употребата. Исто така, тапите и гумите за затворање на теглите мора да бидат стерилизирани.

Бурињата со зелка не треба да стојат во иста просторија со остатокот од зимницата, бидејќи  го забрзува расипувањето. Добро е  просторијата каде што се чува зимницата да биде затемнета, да се проветрува и да се одржува сува и чиста.

Контролирајте ја зимницата повремено, понекогаш се случува теглите да протечат поради високите температури. Јасно и прецизно обележете ги сите шишиња и тегли – некои џемови и мармалади можат да траат со години, а некои други зимници не траат толку долго, затоа нив искористете ги на време.

Денес е многу полесно  да се направи  квалитетна зимница , бидејќи имаме кујнски апарати што работат за нас, во еден момент и без грешка. Не мора да имате шпорет на дрва, електрична скара е доволна да ги испечете сите пиперки за ајвар, а потоа да ги сомелете во мелница за месо и да бидете на половина пат до највкусниот специјалитет според рецептот на вашата баба.

Љубовта, посветеноста и грижата за најблиските може да се забележат во секоја тегла на масата. Затоа, се купува, се чисти, се лупи, се сецка, се вари, се мели, се реди, се закиселува – така што здравите, вкусни,  домашни јадења ќе ве направат среќни, при секој оброк. Тоа не може да се купи, тоа се  подготвува од срце и со љубов!

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:зимницаподготовкаработатасовети
Претходен напис БЛИТВА: Една од најбогатата храна во природата во форма на лист
Следен напис Морковот, компирот и тиквата се одлични додатоци во исхраната на кравите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?