Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Млекарата “Вардарец“ – пример за успешна бизнис приказна во општина Валандово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Млекарата “Вардарец“ – пример за успешна бизнис приказна во општина Валандово
Предлог бизнис

Млекарата “Вардарец“ – пример за успешна бизнис приказна во општина Валандово

Последна измена: 11/01/2021 14:02
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов денеска ја посети компанијата “Вардарец” во сопственост на фамилијата Кавазови од Удово.

За нив може да се каже дека се „локални херои“ кои помагаат во развојот на нивната средина.

Млекарата “Вардарец”, е еден од позитивните примери за успешна бизнис приказна во општина Валандово. Ова компанија, се занимава со откуп и преработка на млеко и со производство на млечни производи. Истата, пласира неколку сопствени призводи во прехрамбените маркети низ цела држава.

Компанијата е во сопственост на фамилијата Кавазови од Удово и истата бележи традиција од 25 години. “Вардарец”, со сопствен пример покажува дека е важно да се почитуваат принципите коишто основачите на млекарата ги поставиле уште на самиот почеток, односно да се откупува квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи по највисоки стандарди.

Деновиве, ова компанија започна со работа во новиот производствен погон кој се наоѓа во индустриската зона во Јосифово. Новиот објект е со најсовремен вид на технолошка опременост и зголемена капацитетност на производство за повеќе од 400 %.

Во “Вардарец”, работат над 20 работници и истата има долгогодишна соработка со кооперанти од општината и регионот. “Вардарец”, е пример во заедницата кој поттикнува на развој, и истиот треба да се следи.

Фејсбук статус на Перо Костадинов – Градоначалник на Валандово

Може да ви се допадне

Од кисела зелка до сливи во чоколада: Како 52 производители од селата кај Чачак, Горњи Милановац и Лучан се собраа и отворија онлајн продавница
(ВИДЕО) Боне Спасовски од Виничани држи час по лозарство: После три години работа, од темјаниката очекувам добар род!
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Министерката за финансии  најави евтини кредити за преработувачите и земјоделците
Кривична пријава за измама: Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра
Таг:ВаландовиземјоделцимлекараПероработнци
Претходен напис Од полноќ нови цени на горивата
Следен напис Водостојот во кочанско е висок – засега нема опасност од поплави
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?