Членови на здружението „Млад Сточар“ од Македонија остварија студиска посета на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад, Србија. По покана на здружението SUMP – српско здружение на млади земјоделци, зедоа активно учество на конференцијата на тема „Младите земјоделци во ЕУ“. Здружението, програмата и визијата ги претстави секретарот на „Млад сточар“, Даниел Пешов. Како говорници се претставија и секретарот на SUMP, Александар Милованович, покраинскиот државен секретар за земјоделство за Војводина, Чедомир Божиќ и генералниот секретар на европската Асоцијација на млади фармери, Дорис Летина од Словенија.

„Размената на искуства е од клучна важност за сигурен развој. Новосадскиот саем, одлична прилика да ја презентираме состојбата на младите сточари во Македонија“, велат од „Млад сточар“.
