Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Милиони скакулци ја пустошат Сардинија – Нема храна за добитокот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Милиони скакулци ја пустошат Сардинија – Нема храна за добитокот
Агровести

Милиони скакулци ја пустошат Сардинија – Нема храна за добитокот

Објавено 23/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Италијанскиот остров Сардинија се соочува со инвазија на скакулци. Годинава тие се појавиле еден месец порано и буквално „ги голтаат“ посевите во провинцијата Нуоро каде што се уништени 25.000 хектари посеви.

Бидејќи се работи за полифагни штетници, погодени се сите посеви: градини, зеленчукови градини, овошни насади. Зад скакулците остануваат опустошени површини, а повеќемесечниот труд на земјоделците исчезнува. Со своето напредување скакулците предизвикале вистинска биолошка катастрофа. Поради нив сточарите мораат да купуваат скапа храна за добитокот, бидејќи се што посеале е уништено.

Леонардо Салис, претседател на единицата Колдирети Нуоро, за Гардијан изјави дека посевите се целосно уништени. Тој предупредува дека по три години предупредувања, поплаки и предлози до надлежните за справување со инсектите, ништо не е преземено и се уште се зборува за инвазија.

Земјоделците се разочарани бидејќи не добиле ниту евро за да ја надоместат штетата од минатата година.

Габриела Мургија, советничка за земјоделство, изјавила дека работната група за борба против скакулците заедно со шумските работници ги идентификува најтешко погодените области и ги забрзува операциите за нивно контролирање. Таа апелираше на максимална соработка меѓу земјоделците и другите засегнати страни.

Новата инвазија се случила неколку дена откако регионалните власти одобриле обештетување од два милиони евра на земјоделците чии посеви биле оштетени од инсекти во 2021 година.

Предложени мерки за сузбивање

Климатските услови овозможиле преголемо размножување на овие инсекти. Благите зими и температурите за 0,5ºC повисоки од просекот биле погодни за опстанокот на голем број јајни легла.

Биолошките методи се најефикасни во борбата против овие инсекти. Здружението на земјоделци предложило есенско орање со кое ќе се уништат голем број легла на необработени површини. Дополнителен проблем се големиот број напуштени имоти кои не се обработуваат. Природните непријатели на скакулците можат да го десеткуваат нивниот број. Птиците играат најголема улога.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Сардинијаскакулци
Претходен напис УХМР најавува топло и нестабилно време, со пороен дожд, врнежи и грмежи
Следен напис „Млад сточар“: Размената на искуства е од клучна важност за сигурен развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?