Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исмаиловски: Посевите се одлични, да имаше добра цена пченицата, наместо 100 ха ќе насеев 300 ха со лебно жито
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Договорно Производство > Исмаиловски: Посевите се одлични, да имаше добра цена пченицата, наместо 100 ха ќе насеев 300 ха со лебно жито
Договорно Производство

Исмаиловски: Посевите се одлични, да имаше добра цена пченицата, наместо 100 ха ќе насеев 300 ха со лебно жито

Последна измена: 10/01/2025 19:41
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

На нешто повеќе од 100 ха површина, земјоделецот Митат Исмаиловски од село Будаково, има засеано пченица. Деновиве објави фотографии кои покажуваат дека посевите се во добра состојба и ако времето послужи, очекува богат род.

-Моментално кај мене посевите се во одлична состојба затоа што навреме се насеани и се извршени сите агротехнички мерки. За жал годинава насеав само на 113 ха, а планирав 300 ха ако беше цената на пченицата добра. Но со таа цена, не се исплати да се вложува во ова производство – изјави за Агротим, Исмаиловски.

Според него и другите земјоделци ги намалиле површините под пченица и се ориентираат кон други култури.

-Иако се најавуваше дека пченицата како стратешка култура ќе ја субвенционира државата повеќе од другите, сепак тоа не е доволно и затоа јас и други земјоделци немаме математика вака да ја произведуваме. Штом не е сигурен пласманот, ризично е да се сее на непознато – вели Исмаиловски.

Неговиот избор за производство на останатите површини со кои располага е со култури за кои има Договорно производство.

-Ќе склучиме договор за производство на бессемена лубеница, сончоглед и тутун. Моментално тие се поисплатливи производства и можеме да си планираме оти однапред знаеме кој ќе го купи родот и по која цена. Инаку најисплатлив моментално е тутунот, но многу е мачен за работа, во еден ноќе треба да стануваш и цел ден до 22 часот има работа. Планираме со фамилијата да насадиме на 2 ха површина од тип Прилеп, се надевам дека ќе биде добра сезоната. Секоја година тоа што ќе го заработиме го инвестираме повторно во земјоделското производство – вели Исмаиловски.

Во секој разговор со него не пропушта да даде критика за немањето долгорочна стратегија во земјоделството која не треба да се менува со менување на Владата.

-Ако сакаме младите да ги задржиме тука, мора да се обрне внимание на земјоделството, да се даваат повисоки субвенции, да се мотивираат младите, да има сигурен пласман и добра цена. Инаку ние можеме да произведеме и да се рамниме со европските земјоделците со нашето знаење и искуство. За моите слики кога ќе ги објавам на ФБ ме прашуваат пријатели каде е ова, дали е во ЕУ? А јас им одговарам, во МАЈКА МАКЕДОНИЈА – вели Исмаиловски.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за измама: Земјоделци и превозници од Пелагонија оштетени за над 140.000 евра
Трипуновски: Целта е да се набави домашна храна во стоковни резерви за потребите на државата
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
(ВИДЕО) Договорно производство на ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО: Еве како ќе изгледа целиот процес
(ВИДЕО) Варналиева: Почнавме со КАЛЕМЕЊЕ на ЈАПОНСКОТО ЈАБОЛКО според насоките на консултантот на „Fresh line“ кој дојде од Шпанија
Таг:будаководоговорноземјоделецпосевпченицасеење
Претходен напис Откупот на тутун завршува предвреме со над 3 милиони килограми повеќе од очекуваното
Следен напис На што треба да обрнете внимание при купување или поставување на пластеници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?