Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓаните, зголемена транспарентност и подобар надзор во согласност со европските стандарди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓаните, зголемена транспарентност и подобар надзор во согласност со европските стандарди
Агровести

МФ: Нови правила во финансискиот лизинг – поголема заштита на граѓаните, зголемена транспарентност и подобар надзор во согласност со европските стандарди

Објавено 10/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансискиот лизинг. Измените усвоени од Собранието претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамките на реформската агенда.

Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на давателите на финансиски лизинг, корпоративното управување, механизмите за надзор, транспарентноста во работењето и заштитата на корисниците на финансиски лизинг.

Новите правила, велат од Министерството за финансии, носат појасни договори, можност за предвремена отплата без дополнителни трошоци, поголема контрола врз работењето на лизинг-компаниите и повисоки стандарди за заштита на корисниците.

– Со цел зголемување на транспарентноста и заштитата на корисниците, со измените се прецизираат задолжителните елементи што треба да ги содржи секој договор за финансиски лизинг, вклучително и сите надоместоци поврзани со лизингот. Дополнително, се овозможува договорите за финансиски лизинг да се склучуваат и во електронска форма доколку се исполнети условите во согласност со прописите за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и прописите за спречување перење пари, заштита на лични податоци и други релевантни прописи – велат од Министерството за финансии.

Со измените се воведува можност корисникот на финансиски лизинг во секое време целосно или делумно да ги отплати преостанатите обврски во согласност со амортизацискиот план, без дополнителни трошоци. Со тоа се обезбедува и право на намалување на вкупните трошоци за преостанатиот период од договорот.

Дополнително, се зајакнува заштитата на корисниците преку прецизирање дека давателот на финансиски лизинг не може да го користи предметот на финансискиот лизинг како залог, без претходна писмена согласност од корисникот. Согласноста треба да биде дадена пред нотар, во посебен документ – изјава, одвоена од договорот за финансиски лизинг и општите услови, со јасно наведување на правните последици од таквата согласност.

Давателите на финансиски лизинг ќе имаат обврска да ги објавуваат годишните финансиски извештаи заедно со извештајот и мислењето на овластениот ревизор на своите интернет-страници. На овој начин, физичките и правните лица како корисници на лизинг ќе имаат можност за подобар увид во работењето на друштвата за лизинг пред воспоставување деловен однос.

Со измените се зајакнува и надзорот преку унапредување на прекршочните одредби, како и финансиската стабилност на давателите на финансиски лизинг преку зголемување на минималниот износ на основната главнина од 6.000.000 на 30.000.000 денари.

Во насока на зајакнување на интегритетот на субјектите што вршат финансиски лизинг, со измените се имплементираат и препораките на MONEYVAL-комитетот при Советот на Европа во областа на спречувањето перење пари и финансирањето тероризам. Се воведуваат критериуми за соодветност и репутација што треба да ги исполнуваат основачите и членовите на органите на управување на давателите на финансиски лизинг.

МИА

Може да ви се допадне

Во ХЕ „Шпилје“ во првата половина од годинава 30 отсто поголемо производство од истиот период лани
Енергетската независност една од стратешките цели на Владата – повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
Без вода Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениковo
Австралија го потврди првиот случај на птичји грип кај домашна морска птица
Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци од понеделник до четврток во Скопје
Таг:лизингстандардитранспарентностфинансии
Претходен напис Енергетската независност една од стратешките цели на Владата – повеќе домашна енергија, нови енергетски коридори
Следен напис Сончев и топол викенд, во недела попладне можен локален дожд со грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?