Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија
Јавни огласи и повици

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија

Објавено 11/06/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија и труд објави четири јавни повици за финансиска поддршка на деловните субјекти, со цел поттикнување на претприемништвото, зголемување на конкурентноста и унапредување на стандардите за квалитет кај микро, малите и средните претпријатија, како и кај занаетчиите.

Повиците се дел од реализацијата на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средните претпријатија за 2025 година, како и од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2025 година.

Од МИнистерството денеска соопштија дека е објавен јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на МСП за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди. Предмет на јавниот повик е кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000 денари поединечно за секој апликант, за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди.

Вкупно предвидени средства се 1.500.000 денари, атрошоците мора да бидат настанати во 2024 и 2025 година. Рокот за аплицирање е до 30.06.2025 година, а ако има повеќе барања од расположливите средства, износите ќе се намалат пропорционално.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од секторите C/B – Преработувачка индустрија (10-33.20), кои ги исполнуваат критериумите за активност, финансиска состојба и законска усогласеност.

Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на МСП за сертификација на ХАЛАЛ систем Кофинансирање на 40% од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ систем, но не повеќе од 150.000 денари по апликант. Вкупно се предвидени средства 1.500.000 денари и се покриваат трошоци направени во 2024 и 2025 година.

Право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија од секторот C/B – Преработувачка индустрија (10-33.20), кои ги исполнуваат условите наведени во повикот, а рокот за аплицирање е до 30.06.2025 година. При надминат буџет, средствата се намалуваат рамномерно.

Објавен е и јавен повик за субвенционирање на занаетчии за 2025 година Кофинансирање на 40% од трошоците за набавка на машини, алати и дизајн на нов производ, но не повеќе од 120.000 денари по барател. Вкупно предвидени средства се 3.000.000 денари и исто така трошоците мора да се направени во 2024 и 2025 година.

Право на учество имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност регистрирани согласно Законот за занаетчиство, со позитивен резултат за 2024 и исполнети сите останати услови. Не се прифаќаат апликации од паушалци.

Рок за аплицирање е до 30.06.202Регионите со понизок БДП добиваат дополнителна поддршка.

Министерството за економија соопшти дека е објавен и јавен повик за надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за развој на деловен субјект, производ и пазар, со кофинансирање на 50% од трошоците, но не повеќе од 500.000 денари по барател, за активности поврзани со: развој на деловен субјект, развој на производ и развој на пазар. Вкупно се предвидени средства од 5.000.000 денари и се покриваат трошоци направени во 2024 и 2025 година.

Право на учество имаат претпријатија од Преработувачката индустрија, со минимум 5 вработени на неопределено време. Еден барател може да аплицира за една активност, додека рокот за аплицирање е до 18.07.2025 година.

– Средствата се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“ до исцрпување на буџетот. Роковите за аплицирање се до 18.07.2025 година, или до исцрпување на буџетот (прв дојден – прв услужен) Повеќе информации, критериуми и потребна документација може да се најдат на веб-страницата на Министерството за економија и труд: www.economy.gov.mk, се посочува во соопштението.

МИА

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Листа на најлошо платени работни места во Германија: Овие плати ги изненадуваат дури и германците
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:економијаиндустријајавни повицималимикропретпријатија
Претходен напис Утврден Етички кодекс на Групацијата на небанкарски финансиски друштва – се подобрува услугата кон клиентите
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?