Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утврден Етички кодекс на Групацијата на небанкарски финансиски друштва – се подобрува услугата кон клиентите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Утврден Етички кодекс на Групацијата на небанкарски финансиски друштва – се подобрува услугата кон клиентите
Агровести

Утврден Етички кодекс на Групацијата на небанкарски финансиски друштва – се подобрува услугата кон клиентите

Објавено 11/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора, во која има 22 членки, промовира Етички кодекс чија цел е подигнување на основните стандарди за функционирање.

На прес – конференција во Комората, претседателот на групацијата Никола Јошевски изјави дека со утврдениот Етички кодекс се подобрува услугата кон клиентите и се зголемува одговорноста при кредитирање на клиенти.

-Ние како индустрија што се занимава со финансии, односно со кредити, кредитни картички, гаранции и оперативен лизинг одлучивме да одиме чекор напред, создадовме Етички кодекс кој што ќе ја подобри нашата услуга кон клиентите и ќе ја зголеми нашата одговорност при кредитирањето на нашите клиенти. Утврдивме стандарди кои се повисоки од основниот минимум што го предвидува Законот за финансиски друштва и Законот за потрошувачки кредити. Формиравме и Етичка комисија која ќе ги разгледува сите забелешки и проблеми кои ќе се јават во нашата индустрија, односно членките на нашата групација. Со етичкиот кодекс предвидовме вредности со кои се обврзуваме да ги применуваме во нашата работа, а тоа се транспарентност, интегритет, професионализам, доверливост и одговорност. Овие вредности ќе ги применуваме во сите наши дејности, во комункација со клиентите и во одлучување при поднесени жалби, посочи Јопевски.

Кодексот е во функција на клиентите и членките на Групацијата, а секоја забелешка од клиентите ќе биде разгледувана во Етичката комисија која делува во рамки на Стопанската комора.

Бројот на финансиски друштва во земјава е намален од 36 на 27 друштва затоа што девет финансиски друштва ги изгубиле лиценците, беше истакнато на денешната прес – конференција што се одржа во Стопанската комора.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГрупацијатаЕтички кодексклиентитеуслугатафинансиски друштва
Претходен напис Монетарната политика го задржува внимателниот карактер – каматните стапки се непроменети
Следен напис Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?