Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Хоџа: За каналот за наводнување Равен – Речица има проблеми, но и помрднување од нулта точка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Хоџа: За каналот за наводнување Равен – Речица има проблеми, но и помрднување од нулта точка
Агровести

Министерот Хоџа: За каналот за наводнување Равен – Речица има проблеми, но и помрднување од нулта точка

Објавено 25/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За изградбата на новиот канал за наводнување Равен – Речица се уште се работи на експропријација, но работите се одвиваат во насока на надминување на тие потешкотии, рече денеска министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

-Од кога сум поставен за министер, каналот Равен – Речица е веќе поместен од нулта точка каде што беше поради експропријација, морам да кажам пак беше институционална работа, уште ги имаме проблемите но веќе се помрднуваат напред и очекуваме дека следна година треба да биде завршен првиот дел односно правата фаза на затворениот систем на Равен Речица при што следува втора фаза поврзување на старите канали каде што ќе треба целиот Полошки регион да се наводнува, истакна Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањата на картичките за „зелена нафта“.

Фото: архива/Равен-Речица/7 ноември 2018

Тој информира дека се работи на подобрување на состојбата на каналот Радиовце – Џепчиште.

-Пред неколку месеци бевме во каналот Радиовце – Џепчиште што е 17 километри каде што е завршена тендерска постапка за избор на изведувач на чистење на тој канал и очекувам наредните недели да се знае кој ќе биде изведувачот и да се почне со постапка. Чекаме одобрение од општина Теарце за ИПА проект од Европска делегација за систем за наводнување како продолжеток на тој канал – рече министерот.

Во август 2018 година беше поставен камен темелник за изградба на нов систем за наводнување Речица-Равен, кој ќе опфаќа дел од полошката котлина северно од автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. По изградбата предвидено е наводнување на потенцијални 3250 хектари земјоделско земјиште кое се протега на подрачјето на Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово. Вкупната вредност за изградба на системот за наводнување изнесува скоро 15 милиони евра.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:равенравен речицаречица
Претходен напис Бектеши: Проектите од ТАВ Програмата ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните во сите општини
Следен напис Во јуни 66,5 отсто од потрошената струја од домашни извори
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?