Денеска, одржав работен состанок со јаболкопроизводителите, откупувачите и преработувачите од Преспа.
На состанокот разговаравме за проблемот со кој ќе се соочиме во текот на бербата на јаболка, заради неповолните временски прилики кои предизвикаа неколку врнежи од град кој ја зафати Преспа.
Како резултат на непогодата, квалитетот на јаболките е намален и се очекува околу 50-60 илјади тони индустриско јаболко. Од јаболкопроизводителите беа побарани мерки од Владата со кои ќе се надмине проблемот при откуп на индустриското јаболко и ниската откупна цена.
Заедно ги разгледавме сите можности вклучувајќи и интервентна мерка со која ќе се подобри откупната цена со цел да се надмине проблемот.
За скоро време ќе одржиме уште еден состанок за да дефинираме конкретни решенија.
Фејсбук статус на Арјанит Хоџа – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
