Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија: Дали овошјето е рекордер во раст на цената
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Србија: Дали овошјето е рекордер во раст на цената
АгровестиПазари

Србија: Дали овошјето е рекордер во раст на цената

Последна измена: 20/09/2021 17:40
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Цените на земјоделските производи и оние во рибарството во јули оваа година во однос на истиот месец 2020 се зголемени за 30,7 отсто, покажува најновиот извештај на Републичкиот забжвод за статистика. Рекордер во раст на цената, по статистика, е овошјето кое во однос на истиот месец минатата година е поскапо за 84,2 отсто.

Причина за вака високите цени на овошјето е намаленото производство во Европа и светот, додека Србија имаше пад на приносот поради изразената суша во еден период, објаснува професор Зоран Кесеровиќ, стручњак за овоштарството.

Овој тренд, додава, не е забележан кај сите овошни видови. Да речеме кај јагодата цената беше ниска, црешите во откупот беа и до 50 отсто поевтини. Како што истакнува, боровинките, малините и капините доживеаја ценовен скок, тука беше рекорден раст а поскапи се и праските поради промените на пазарот. Скокна и цената на крушите поради лошите временски услови во време на опрашување.

“Почна бербата на јаболките” гала” на големо се продаваат за околу 40 евроценти и тоа е добра цена. Но за златниот делишес, кој допрва доаѓа, се нуди од 20 до 22 евроценти, што е доста ниска цена бидејќи во Италија останаа доста од оваа сорта на јаболка од минатата сезона. Се очекува раст на производството од околу 10 отсто во ЕУ но и рекорден род на јаболката во Србија. Се плашам дека ќе има проблеми со пласманот и цената на ова овошје “, истакнува Кесеровиќ.

На прашањето до кога потрошувачите скапо ќе го плаќаат овошјето, тој одговара дека проблемот е во тоа што досега додека тоа стигне до нив” минува низ неколку раце” а сите очекуваат заработка”. Така реално имаме хиперпродукција на јаболка а тоа во продавниците не се гледа. Самите задруги би требало да имаат свои продажни места, да нашето овошје има предност во однос на увозното”, вели Кесеровиќ.

Александар Лепосавиќ од Институтот за овоштарство во Чачак вели дека временските услови го направиле своето и дека постои дефицит скоро на сите овошни видови. Кога станува збор за овошјето кое доаѓа од страна, причина е и огромниот раст на цените на транспорт поради пандемијата.

“Последните информации покажуваат дека јагодестото овошје го нема скоро никаде во светот. Сите потфрлија во производството”, истакнува Лепосавиќ.

Потсетува дека само малината во оваа сезона чинела скоро двојно повеќе отколку во 2020 додека капината со 40 или 50 динари, по килограм, сега во откупот достигна цена од 310 до 330 динари. Тоа меѓутоа, не може да се каже за аронијата која оваа година повторно е доста ефтина во откупот поради што производителите се откажуваат од производство, вели тој.

Може да ви се допадне

На почеток на јули – субвенции за МЛЕКО
СТОИЛЕВ СО АПЕЛ ДО ОПШТИНИТЕ: Има интерес и пари за рурален туризам преку ИПАРД, проблем се дозволите за градба
(ВИДЕО) Стоилев: Набрзо ќе има исплати по неколку мерки од програмата за 2024 година, особено во сточарството
Поскапуваат бензините и дизелот
Николовски: Изготвен нов Царински закон
Таг:информацијамалинипченица
Претходен напис Министерот Хоџа на средба со овоштарите, откупувачите и преработувачите од Преспа
Следен напис Зошто животот на село е поубав?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?