Јаболката се вистински есенски деликатес. Норм Шулц, фармер и експерт за овошје и зеленчук, открива како да се складираат јаболката за да се продолжи нивниот рок на траење.
Избор
Колку што е е помало јаболкото и колку е подебела кожата, толку подолго ќе трае, вели Шулц. Според него, покиселите јаболка траат подолго од послатките јаболка.
Најдоброто јаболко за подолго време е јаболкото со дебела кора Грени Смит, што може да трае и до четири месеци.
Изглед
Според Шулц, луѓето треба да бидат понежни со своите плодови. Едно лошо јаболко може да ги уништи останатите добри.
Ако јаболкото има и мала модринка, етиленот побрзо се ослободува, а потоа сите други јаболки околу него побрзо се расипуваат. Затоа е важно да се обрне внимание на изгледот на јаболките, и кога ќе забележите дека една почнува да гние, извадете ја и изедете ја или искористете ја на друг начин.
Со други плодови
Ставањето јаболка во близина на други овошки може да доведе до предвремено расипување.
Се акумулира етилен, кој го забрзува расипувањето, па затоа би било најдобро да ги држите подалеку од, на пример, банани и грозје.
Температура
Процесот на расипување на јаболката ќе се забави со ниските температури, па доколку не планирате да ги јадете јаболката во рок од неколку дена, не чувајте ги на кујнската плотна.
Пониските температури, како и темнината и влажноста, се клучни за долговечноста на јаболката.
Шулц предлага чување на јаболката во „фрижидер за пиво“ – на пример, односно дополнителен фрижидер во подрум или гаража што не го отворате толку често како оној во вашата кујна и во кој можете да ги чувате на пониска температура. Фиоката од фрижидерот исто така може да заврши работа – јаболките ќе траат таму околу две до три недели.
Ако немате простор во фиоките, можете слободно да ги завиткате и да ги чувате во подрум или гаража.
Покријте ги со влажна хартиена крпа или оставете ги во пластична кеса за да ја задржат влажноста, но направете неколку дупки во неа за да може да излегува етиленскиот гас.
