Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преку ИПАРД набавете машини за вашите бизниси во рурално подрачје: Мини багери, натоварувачи, мали машини за копање…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Преку ИПАРД набавете машини за вашите бизниси во рурално подрачје: Мини багери, натоварувачи, мали машини за копање…
Јавни огласи и повициФондови

Преку ИПАРД набавете машини за вашите бизниси во рурално подрачје: Мини багери, натоварувачи, мали машини за копање…

Објавено 08/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавниот повик за Мерка 7 од новата ИПАРД III програма овозможува кофинансирање во вид на неповратен грант во износ од 60% за набавка на машини и опрема за обезбедување на услуги во руралните средини. Тука спаѓаат пред се машини и орема за:

  • Сервиси за поправка и одржување;
  • Услуги за просторно уредување;

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) официјално ги објави деталите, па според упатствата, во овој приоритетен сектор можете да аплицирате за набавка на:

  • мали машини за кoпање,
  • мини багери,
  • мулти теренски натоварувачи,
  • натоварувачи,
  • косилки, дувалки и тримери
  • опрема и алати за услуги за просторно уредување (расчистување на простор, проектирање, инсталација, одржување, одржување на градини сл.)
  • Машини, опрема и алати за поправка и одржувањ на не-земјоделски машини и моторни возила (автомобили, камиони, автобуси, мотоцикли, итн).

Кој може да аплицира

  1. Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина;
    – Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата;
    – Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во Регистарот за угостители согласно Законот за угостителска дејност, за активностите за кои е предложена инвестицијата;
    – Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва;
    – Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства како претставник на семејно земјоделско стопанство и
    – Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во Регистарот на индивидулни земјоделски производители во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско осигурување.
  2. Правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро и мали претпријатија доколку тие ги исполнуваат критериумите утврдени во Препораката 2003/361/ЕС (истата може да се превземе од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk), кои се сумирани во следната табела:
Ранг на претпријатиеБрој на вработениГодишен приход (обрт)Биланс на состојба
Мало< 50≤ 10 милиони≤ 10 милиони
Микро< 10≤ 2 милиони≤ 2 милиони

Задруга која е регистрирана во Централниот регистар

Здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот.

Финансиска поддршка предвидена со мерката

Минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција (проект) за оваа мерка не може да биде пониска од 10.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ), додека максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден корисник по оваа мерка по поединечен проект изнесува 600.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го ДДВ.

Максималната финансиска поддршка која може да се додели на новоосновани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавниот повик) по оваа мерка е 100.000 евра.

Максималната финансиска поддршка која може да биде доделена на еден корисник по оваа мерка е 1.500.000 евра во денарска противредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ) за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Новиот јавен повик е отворен за аплицирање до 1 ноември 2023 год.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации испратете e-mail на [email protected]

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број

📞 071 225 345

или испратете e-mail на [email protected]

(ВИДЕО/ФОТО) „Уни Партс“ ни го претставува мини багерот EVERUN модел ERE10 PRO – Современа механизација по најпристапна цена на македонскиот пазар

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
(ВИДЕО) Трипуновски: Во наредните денови ќе има исплата на 4.1 милиони евра на оние што аплицирале и добиле ИПАРД средства
Таг:ипардмини багерирурално подрачјеуни партс
Претходен напис Како го празнуваат земјоделците 8 Септември: Гајби грозје, полни приколки, трактори и пауза за ручек
Следен напис Бесими на средби во ЦЕБ: Преговараме за нови 50 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?