Денешниот празник 8 Септември, земјоделците го прославија работно, главно во лозјата каде се береше годинешната реколта.
Боне Спасовски од село Виничани не информира дека има одличен род од 3,5 тони од декар. Тоа е резултат на сериозниот пристап кон работата, инвестирање во производството и извршување на сите агротехнички мерки.



Лозарот Мито Исаков од Неготино, скромно изјави дека годинава има помал род од Боне.

И во атарот на село Курија – Неготинско бербата на грозјето е во тек. На лозјето кај Илија и Лена Најдови пријатели и роднини заедно го береа годнешниот род.



Фотографија од своето лозје ни испрати и лозарот од село Сирково – Лазар Јордановски.
Лазар Јордановски од Кавадарци, пред повеќе од 25 години засадил на својот имот 10 тина декари со винско грозје. Од лозјето, за кое како што вели го работи домаќински со години бере квалитетно црно и бело грозје и е задоволен од приносот. На површина од 5 декари има засадено грозје од сортата смедеревка и 5 декари од сортата вранец.



Празникот беше ден и за берба на лозјето на фамилија Колеви од село Манастирец. Фотографијата која ни ја испрати Соња зборува за едно сериозно производство, професионалност и квалитет на родот.

Митат Исмаиловски од Будаково и денеска е работно во нивите …
