Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бесими на средби во ЦЕБ: Преговараме за нови 50 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бесими на средби во ЦЕБ: Преговараме за нови 50 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија
Агровести

Бесими на средби во ЦЕБ: Преговараме за нови 50 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија

Објавено 09/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија ги финализира преговорите за обезбедување финансиски средства од  Банката за развој при Советот на Европа – (CEB).  Барањето е веќе доставено до Банката, и се очекува до крајот на овој месец да се финализираат условите, а до крајот на годината да бидат и одобрени од страна на Банката. Ова, како што информираат од Министерството за финансии, било соопштено на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со гувернерот на ЦЕБ Карло Монтичели и вицегувернерот на ЦЕБ Томаш Бочек во Париз.

-Банката за развој при Советот на Европа е една од водечките меѓународни финансиски институции во земјава која поддржува инвестиции во јавната социјална инфраструктура, како и поддршка на приватниот сектор, особено малите и средни претпријатија. Оваа нова кредитна линија е токму насочена кон поддршка на мали и средни претпријатија и дел од широката лепеза на проекти на кои работи Владата и со други финансиски институции, а со цел да се поддржи нивната ликвидност и зелени инвестиции во период на криза, истакнал министерот Бесими.

Тој посочил дека станува збор за 50 милиони евра за домашните компании, кои ќе се пласираат преку Развојната банка и кои се надополнување на веќе постоечките производи кои со поддршка од Владата се пласираат преку Развојната банка, а се насочени кон поддршка на компаниите.

Исто така Банката, како што велат од Министертвото за финансии, има одобрено грант од 1,1 милиони евра од Фондот за зелени социјални инвестиции, со кој ќе се финансираат поставување фотонапонски централи на училишни објекти во земјава кои се реновирани исто така преку проект поддржан од оваа финансиска институција. 

-Соговорниците ја потврдија успешната соработка помеѓу Република Северна Македонија и оваа меѓународна финансиска институција која досега учествува во реализација на девет проекти од јавниот сектор во износ од 264 милиони евра. Поддршката е насочена во здравствениот сектор, образованието, правда, изградба на социјални станови, како и поддршка на мали и средни претпријатија, а се очекува во наредниот период преземените реформи во делот на јавните финансии да придонесат кон забрзување на динамиката на реализација на проектите, се наведува во соопштението.

На средбата станало збор и за стратешката рамка на Банката во наредниот период и иницијативата за зголемување на капиталот на Банката, што ќе овозможи зголемени активности на Банката за периодот 2023-2027 година во земјите членки, а на што Република Северна Македонија, како членка, даде позитивен одговор. 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бесимиеврамилиони
Претходен напис Преку ИПАРД набавете машини за вашите бизниси во рурално подрачје: Мини багери, натоварувачи, мали машини за копање…
Следен напис Сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?