Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: И оваа година ваучери за одмор за вработените со ниски приходи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > И оваа година ваучери за одмор за вработените со ниски приходи
Агровести

И оваа година ваучери за одмор за вработените со ниски приходи

Објавено 18/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– И оваа година државата ќе продолжи да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи во домашните туристички капацитети, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според Бектеши, поддршката ќе изнесува 12.000 денари по апликант, а јавниот повик ќе биде објавен во првата половина од годинава. Доделување на ваучерите ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.

-Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања по семејство не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Ефектите од ваучерите лани, за време на пандемијата, дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети, рече Бектеши и додаде дека лани беа искористени над 65.000 ваучери.

За оваа мерка годинава се предвидени вкупно 15 милиони денари.

Осврнувајќи се на програмите на Министерството за годинава, Бектеши потсети дека поддршката за туристичко-угостителскиот сектор беше вклучена во сите досегашни, четири антикризни пакети.

-Продолжуваме со интензивна поддршка и годинава за што, со Програмата за развој на туризмот се предвидени 31 милион денари. Со оваа Програма се предвидени мерки за промоција на туристичката понуда на државата и тоа: за дигитален маркетинг за туристичкиот потенцијал 11,5 милиони денари, субвецнии за опрема и алатки за подобрување на активен туризам 3,5 милиони денари, субвенции за туристички цели на селски домаќинства пет милиони, за промоција на еколошки зони 1,5 милиони и за кампања за безбедно патување, еден милион денари, информира за безбедно патување.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ваучери за одморКрешник Бектеши.ниски приходи
Претходен напис Милевски: Стакленик и метеоролошка станица во Полошкиот регион за подобрување на земјоделското производство
Следен напис Владата ја изгласа годишната програма на ФИТР: Април – јуни тематски предизвик ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?