Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Микроалгите го подобруваат здравјето и растот на телињата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Микроалгите го подобруваат здравјето и растот на телињата
Сточарско производство

Микроалгите го подобруваат здравјето и растот на телињата

Објавено 18/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Научниците од Кина и Ирска истражиле до кој степен употребата на микроалги влијае на ефектот на раст и здравјето на телињата, а резултатите беа објавени во списанието „Animal Feed Science and Technology“.

Со цел да се спроведе истражување, 50 телиња од расата холштајн биле хранети со различни количини на микроалги. Десет животни кои не ги добивале во храна припаѓаат на контролната група. Десет од нив добиле по пет грама, десет телиња 10 грама, а потоа 20 и 40 грама дневно. Сите биле хранети со полномасно млеко од четвртиот до 22 ден од раќањето, а потоа со замена за млеко до 60 дена старост.

Според резултатите, телињата хранети со 20 грама алги добиле најмногу на тежина, 15 отсто од дневното зголемување на телесната тежина во споредба со контролната група. Сепак, оние кои се хранеле со 40 грама се здебелиле помалку, пренесува agrarheute.

Микроалгите го зајакнуваат и одбранбениот систем

Истражувачите веруваат дека телињата се угоиле поради влијанието на докосахексаеноичната киселина (DHA), која припаѓа на омега-3 масните киселини, за кои се верува дека ја стимулираат синтезата на протеините во мускулите.

Додавањето на микроалги, исто така, го подобрило одбранбениот систем на животните. Концентрациите на серумската каталаза и глутатион пероксидаза се зголемуваат линеарно со зголемување на дозата. Според научниците, тоа укажува на подобрен антиоксидативен статус, а со тоа и на подобра здравствена состојба на телињата.

Нивниот заклучок е дека 20 грама микроалги дневно се идеални за подобрување на растот и здравствените перформанси на телињата.

Дополнително, докажано е дека воведувањето алги во исхраната на кравите ја намалува емисијата на гасови. Така, истражувањето објавено на почетокот на годината откри дека таквиот начин на хранење го намалува испуштањето на метан (CH4) во атмосферата за 82 отсто.

Тестот утврдил дека микроалгите не влијаат на вкусот на млекото или месото.

Може да ви се допадне

Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:клравикравимикроалгителиња
Претходен напис Заштита на житните култури од житната пијавица (лема)
Следен напис Како да дознаете дали јајцето е свежо и од што зависи бојата на лушпата?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?