Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Михо Јаневски, претседател на НО на Градежниот институт Македонија, добитник на наградата за долгогодишна коморска активност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Михо Јаневски, претседател на НО на Градежниот институт Македонија, добитник на наградата за долгогодишна коморска активност
Агровести

Михо Јаневски, претседател на НО на Градежниот институт Македонија, добитник на наградата за долгогодишна коморска активност

Објавено 18/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација на Стопанската комора во состав д-р Ристо Јаневски, претседавач на Собранието на СКСМ, Ѓорѓи Петрушев, претседател на Надзорен Одбор на Комората и д-р Анита Блажевска, потпретседател на УО на Стопанската комора ја врачија наградата за долгогодишна коморска активност на Михо Јаневски, претседател на НО на Градежниот институт Македонија (ГИМ) по повод годишнината на Комората.

Михо Јаневски долгогодишен претседател на УО на Градежниот институт Македонија (ГИМ), а од неодамна член на НО на компанијата. Со своето професионално искуство активно придонесува и во коморското делување како член на УО на Здружението за градежништво и член на Собранието на Комората. Вербата во работата на Комората, како и нејзиното значење ја докажува со своето членство веќе 20 години и со несебичниот придонес во развојот на градежништвото како дејност.

Михо Јаневски својот работен век од 40 години посветено и исцрпно го поминува во Градежниот институт Македонија (ГИМ), компанија која ги изроди најдобрите градежници кои денес водат и свои компании. Раководејќи ја најголемата македонска консултантска фирма „ГИМ“, уникатен бренд кој нуди широк опсег на услуги и кој обезбедува изнаоѓање комплексни решенија за најсложените проекти во градежништвото, веќе години наназад развива и применува стратегија за извозна ориентираност, градејќи предвидлив, одржлив и постојан развој и дејствување на „ГИМ“ на што повеќе пазари, избегнувајќи зависност и непредвидливост. Минатата година „ГИМ“ отвори филијала во Романија, со што таа е првата македонска компанија со филијала во Букурешт, а наедно ова е и нивна прва канцеларија отворена во земја членка на ЕУ. Како лидер во својата област досега има отворено подружници кои активно дејствуваат во Р Србија, Црна Гора, во Босна и Херцеговина, Р Косово и во Р Албанија.

Да се биде лидер на успешен тим од 300 вработени, од кои 155 се инженери (повеќе од 50 од нив се магистри и доктори на науки), и да се има желба за подобро утре во градежништвото е само потврда дека овогодишната награда на Стопанската комора на Северна Македонија за доајен и за долгогодишна коморска активност е во вистинските раце, кои со голема верба сѐ уште го водат кон вратите на Комората, со исти елан и дух во континуитет.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:михо јаневскистопанска комора
Претходен напис Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро
Следен напис Круши со „лична карта“ – Кинезите развиваат паметен овоштарник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?